Трајчулески бара од Мицкоски одговор за контролата на границите по бегствата и случајот со петте тони дрога

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на собраниската седница за пратенички прашања побара од премиерот Христијан Мицкоски конкретни одговори за пропустите во контролата на државните граници, бегствата на лица од земјата, случајот со петте тони дрога и случаите во кои институциите не успеаја да обезбедат ефикасна контрола, пренесува Макфакс. Трајчулески посочи дека суверенитетот на државата не се брани со декларативен патриотизам и политички изјави, туку со функционални институции кои ги спроведуваат законите и обезбедуваат еднакви правила за сите граѓани, без привилегии и влијанија. „Суверенитетот на една држава не се брани само со изјави и повикување на патриотизам. Тој се остварува преку институции што ги спроведуваат законите, ги обезбедуваат границите и гарантираат дека политичката моќ, врските и влијанието не може да бидат пропусница за избегнување на правдата“, рече Трајчулески. Тој побара од Мицкоски да одговори како Владата може да гарантира ефективно остварување на суверенитетот кога се повторуваат случаи на бегства, неевидентирани преминувања и поминување возила преку државната граница без соодветна контрола. Како примери ги посочи случаите со Артан Груби, Прпарим Бајрами и Блерим Рамадани, кои, како што кажа, отвораат сериозни прашања за ефикасноста на институциите и контролата на границите. Трајчулески го посочи и случајот со патувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши, на свадба во Косово. Дополнително, Трајчулески го отвори и прашањето за случајот со Ива Михајлова, посочувајќи дека Министерството за внатрешни работи соопштило оти нема евидентиран нејзин излез од Македонија, ниту легален влез во Бугарија, иако во јавноста беше објавено дека се наоѓа таму. Тој предупреди дека дополнителна загриженост предизвикува и случајот со петте тони дрога запленети во соседна Србија, откако дрогата непречено ја помина македонската граница. „Овие случаи имаат различни околности, но отвораат заедничко прашање, дали институциите ефективно ги контролираат гр

Трајчулески бара од Мицкоски одговор за контролата на границите по бегствата и случајот со петте тони дрога | FinPortal.mk

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на собраниската седница за пратенички прашања побара од премиерот Христијан Мицкоски конкретни одговори за пропустите во