Трајчулески бара од Мицкоски јавен одговор за планираното спојување на АНБ и Агенцијата за разузнавање
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на собраниската седница за пратенички прашања упати директно прашање до премиерот Христијан Мицкоски — дали ќе се откаже од намерата за спојување на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање. Според Трајчулески, ваквото спојување би значело концентрација на огромна безбедносна моќ под една политичка контрола, што претставува сериозна опасност за граѓаните и за демократскиот поредок на државата. Во своето обраќање пред пратениците, Трајчулески потсети на минатото кога овие безбедносни служби, како што рече, биле злоупотребувани од тогашната партиска гарнитура на ВМРО. Тој нагласи дека граѓаните не смеат повторно да бидат изложени на следење, притисоци и заплашување од институциите кои треба да ја гарантираат нивната безбедност. „Македонија не смее да си дозволи уште едно искуство во кое службите ќе станат инструмент на владејачката партија, а граѓаните ќе станат предмет на следење, притисок и заплашување. Нашата држава веќе ја плати цената на злоупотреба на безбедносниот апарат, и тоа двапати, и двата пати во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Трајчулески. Пратеникот на СДСМ посебно се осврна на скандалот со незаконското прислушување, оценувајќи го како сериозно предупредување за тоа што се случува кога безбедносните служби немаат ефективен надзор, а политичката моќ не е ограничена. Последиците од таквата состојба, како што истакна, беа длабока политичка и институционална криза и нарушена доверба во државата. Според него, токму затоа е неопходно да се обезбеди цврст и независен надзор над безбедносните структури, наместо нивно дополнително концентрирање. Дополнително, Трајчулески се осврна и на предлогот за престанување на важењето на Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница. Тој го отвори прашањето зошто власта предлага укинување на закон за кој во образложението се наведува дека е системски правилно поставен и усогласен со европските и НАТО-стандардите. „Ако законот е правилно по