Трајанов: Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи е усвоена уште во 2019 година
FinPortal.mk · 23.9.2026 г.
Павле Трајанов ги отфрли како целосно паушални и неточни тврдењата дека во земјава не постои стратегија или платформа за спречување и справување со можни катастрофи. Тој потсети дека Владата уште во септември 2019 година ја усвоила Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи, документ што, како што наведува, ја опфаќа заштитата од пожари, земјотреси, поплави, суши, радиоактивен отпад, терористички акти, сајбер напади, загадување на воздухот и појава на епидемии. Според Трајанов, ваквите дилеми во јавноста произлегуваат пред сè од немање институционална меморија. Тој објаснува дека Националната платформа била оценета со највисока оценка од одделите на Обединетите нации, при што била најавена и финансиска поддршка за Акцискиот план за модернизација на системот за управување со кризи, заштита и спасување, вклучително и на територијалните противпожарни единици. Во Платформата, како што посочува Трајанов, е предвидена темелна реформа на системот за управување со кризи. Таа реформа опфаќа обединување на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, функционално поврзување на територијалните противпожарни единици и воспоставување единствена команда. Тој додава дека документот бил изработен врз основа на претходна анализа на меѓуресорска работна група, како и врз анализи и проценки на УНДП, НАТО, ОБСЕ, Воената академија, Европската команда на САД, Европскиот цивилен механизам и други документи и анализи поврзани со системот за управување со кризи. „Во Платформата јасно се дефинирани обврските на многу институции и потребата од реформи и насоки како да се реформира системот за управување со кризи, заштита и спасување“, вели Трајанов. Според него, во документот се јасно определени и насоките за тоа како да се спроведе реформата на овој систем. Трајанов оценува дека реформите доцнат поради незаинтересираност и отпор на раководните и поранешни работници во Центарот за управување со кризи и во Дирекцијата за заштита и спасување. Тој потсе