Тошковски од „Мото Илинден урбан драјв“: Безбедноста пред адреналинот, „Безбеден град“ наскоро ќе открива и возачи без кацига

FinPortal.mk · 3.10.2026 г.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети фестивалот „Мото Илинден урбан драјв“, кој од 1 до 4 октомври се одржува на паркингот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Настанот, чиј фокус покрај промоцијата на мотоциклизмот е подигнување на свеста за безбедно учество во сообраќајот, во едукативниот дел го вклучува и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Во рамки на фестивалот се организираат тест-возења, работилници за безбедно управување со мотоцикл, едукација на почетници, правилна употреба на заштитната опрема, како и запознавање на учесниците со законските прописи од областа на сообраќајот. Токму преку овие содржини организаторите сакаат да ја зајакнат свеста кај возачите на две тркала, кои според оценките на надлежните спаѓаат меѓу најранливите учесници во сообраќајот. Тошковски ја поздрави иницијативата и потенцираше дека едукацијата, личната одговорност и почитувањето на сообраќајните правила се клучни за поголема безбедност на мотоциклистите. „Љубовта кон моторите, адреналинот и слободата што ја носи мотоциклизмот секогаш мора да одат заедно со одговорноста. Кацигата и заштитната опрема, почитувањето на ограничувањето на брзината и сообраќајните правила не се формалност – тие спасуваат животи. Затоа ваквите настани се важни, особено за младите и за оние кои првпат влегуваат во светот на мотоциклизмот“, истакна министерот за внатрешни работи. Според него, Министерството за внатрешни работи континуирано спроведува засилени акциски контроли во сообраќајот, вклучително и контроли насочени кон возачите на мотоцикли и мопеди. При тие контроли посебен акцент се става на брзината, поседувањето соодветна возачка дозвола, употребата на заштитна кацига и почитувањето на останатите сообраќајни правила. Како дополнителен исчекор во оваа област Тошковски го наведе системот „Безбеден град“, кој веќе ги детектира и прекршоците сторени од возачи на мотоцикли. Со помош на вештачката интелигенција, како што беше посоч

Тошковски од „Мото Илинден урбан драјв“: Безбедноста пред адреналинот, „Безбеден град“ наскоро ќе открива и возачи без кацига | FinPortal.mk

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети фестивалот „Мото Илинден урбан драјв“, кој од 1 до 4 октомври се одржува на паркингот пред Спор