Тошковски: Бројот на загинати во сообраќајот намален за 33 лица, Македонија меѓу петте кандидати за светска награда во Дубаи
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Бројот на загинати лица во сообраќајни несреќи на македонските патишта значително се намалил во текот на оваа година. Како што информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на промоцијата на Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата за периодот 2026–2030 година, во првите десет месеци од 2026 година животот го загубиле 84 лица, наспроти 117 во истиот период лани. Тоа значи дека годинава загинале 33 лица помалку отколку во споредливиот период минатата година. Министерот Тошковски на настанот посочил дека во изминатите 35 години на македонските патишта годишно во просек загинувале околу 150 лица. Според него, ваквата бројка ја нагласува потребата од системски пристап кон подобрувањето на сообраќајната безбедност, која не смее да се потпира само на поединечни мерки, туку на координирано делување на сите релевантни чинители. Тошковски им се заблагодарил на граѓаните за посовесното однесување во сообраќајот. Тој оценил дека токму тоа, заедно со активностите на институциите, превентивните кампањи и поддршката од компаниите и граѓанските организации, придонело за намалување на бројот на несреќи и жртви на патиштата. Според министерот, за натамошно намалување на бројот на жртви се неопходни заедничка одговорност, почитување на сообраќајните правила и континуирана посветеност на институциите. Новата национална стратегија предвидува до 2030 година бројот на загинати во сообраќајни несреќи да се намали за 50 проценти во однос на 2024 година. Документот се темели на принципот „Секој живот е важен“, а предвидува координирани активности за превенција, едукација, подобрување на сообраќајната култура и примена на современи технологии. Стратегијата, како што беше соопштено, има за цел да го насочи делувањето кон трајно намалување на сообраќајните несреќи и нивните последици. На промоцијата министерот информираше и дека Министерството за внатрешни работи е меѓу петте селектирани институции за потенцијална награда на Светскиот полициски самит во Ду