Торцида“ го брани скандирањето „гази го Евреинот“ како навивачко задевање
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Сплитската навивачка група „Торцида“ го оправда величањето на Адолф Хитлер и Аушвиц, како и нацистичките и антисемитските извици што се слушаа за време на маршот пред натпреварот меѓу Ајакс и Хајдук, оценувајќи го сето тоа како дел од навивачко задевање меѓу двете навивачки групи. Во објава на Фејсбук, групата се осврна на скандалозниот марш во центарот на Сплит и ја искористи приликата да упати критики кон медиумите и кон полицијата. Според соопштението на „Торцида“, извиците што се слушаа се „стандарден дел од репертоарот“ упатен кон навивачите на Ајакс во Холандија. Оттаму тврдат дека она што започнало како задевање меѓу ривалски навивачки групи, со „несебичната“ помош на медиумите, се претворило во голем национален скандал. „Со оглед на невидената медиумска хистерија и јавниот прогон на поединци кои се на мета на медиумите поради навивачките извици, сакаме да укажеме на опасните трендови што вклучуваат манипулација со јавниот простор и селективно спроведување на правдата во нашето општество“, се наведува во објавата. Од „Торцида“ ги обвинија медиумите дека со денови поттикнуваат јавен линч и ги ставаат поединците на „столбот на срамот“, без, како што велат, никакво разбирање за контекстот или сериозен обид да се утврди вистинското значење на кажаното. „Медиумските мршојадци – за кои кликовите се поважни од фактите – со денови поттикнуваат јавен линч“, стои во соопштението. Во продолжение, навивачката група истакнува дека додека „скандалите доаѓаат и си заминуваат, за на крајот да бидат заборавени – а земјата, во буквална и преносна смисла, се гуши во ѓубре“, сите расположливи ресурси се насочени кон притворања, претреси и прогон на фудбалските навивачи. Оттаму оценуваат дека ваквите случаи, кога станува збор за навивачите, не претставуваат преседан и потсетуваат дека и претходно биле сведоци на медиумски хајки и демонстрирање на институционална моќ, често под силен јавен притисок и со очигледна потреба да се создаде впечаток на одлучност и ефикасност. „Ваквиот и