Тодоров: Со дисциплина и самодоверба до позитивен резултат против Струга Трим Лум

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Фудбалерот од средниот ред на Шкендија Арачиново, Мартин Тодоров, изјави дека неговиот тим со голем респект го очекува дуелот против Струга Трим Лум, кој го отвора 10-тото коло од Првата македонска фудбалска лига. По ремито со тетовска Шкендија, арачиновци го очекуваат уште еден тежок тест против екипа од самиот врв на табелата, пренесува МакФудбал. „Пред сè, сакам да истакнам дека имаме голем респект кон тимот на Струга. Станува збор за сериозен, квалитетен и добро организиран противник кој поседува квалитетни играчи и знае како да игра на вакви натпревари. Свесни сме дека нè очекува тежок и неизвесен меч, но исто така веруваме во нашите квалитети и во работата што ја завршивме во изминатиот период. Во текот на целата недела максимално се подготвувавме за овој дуел. Напорно и дисциплинирано трениравме, детално ја анализиравме играта на противникот, нивните силни страни, но и просторот што можеме да го искористиме. Атмосферата во екипата е одлична, сите играчи се мотивирани и подготвени да го дадат својот максимум на теренот“, истакна Тодоров. Фудбалерот од средниот ред на арачиновци верува дека Шкендија може да дојде до позитивен резултат доколку во потполност ги спроведе упатствата од стручниот штаб. „За нас најважна е нашата игра – да бидеме дисциплинирани, концентрирани и борбени од првата до последната минута. Верувам дека доколку ги исполниме договорените задачи и го спроведеме она што го подготвувавме на тренинзите, можеме да се надеваме на добар натпревар и позитивен резултат. Го почитуваме противникот, но на теренот ќе излеземе со голема самодоверба, желба за надигрување и јасна цел – да одиграме квалитетно и да оствариме позитивен резултат“, заклучи Тодоров. Во нивниот единствен досегашен меѓусебен дуел во Првата лига, екипата на Струга Трим Лум славеше со 3:0. Натпреварот меѓу Шкендија Арачиново и Струга Трим Лум ќе се одигра на стадионот во Чаир со почеток од 12:00 часот, а главен судија на патот ќе биде Влатко Илиоски.

Тодоров: Со дисциплина и самодоверба до позитивен резултат против Струга Трим Лум | FinPortal.mk

Фудбалерот од средниот ред на Шкендија Арачиново, Мартин Тодоров, изјави дека неговиот тим со голем респект го очекува дуелот против Струга Трим Лум, кој го отв