Титаниум“ — нова инстант игра на Државна лотарија со 14 автомобили како главни премии

Државна лотарија ја збогати својата понуда на инстант игри со новиот лоз „Титаниум“, кој на играчите им нуди уникатна можност за освојување автомобили и парични добивки. Според соопштението, лозот е создаден за сите љубители на возбуда и адреналин, а неговиот фонд на добивки е особено привлечен.
Фондот на добивки вклучува вкупно 14 премии — седум автомобили Ford Focus Titanium и седум автомобили Ford Kuga ST-Line X, како и различни парични добивки кои дополнително го збогатуваат фондот и ја прават играта интересна за секој учесник.
Правилата за игра се едноставни. За да се освои автомобил, потребно е во полињата за гребење да се пронајдат три исти симболи KUGA или FOCUS. За парична добивка, пак, потребно е да се изгребат три исти износи.
Со секој лоз, како што се наведува, играчите добиваат можност да ја почувствуваат возбудата на играта и да станат дел од светот на добивките. „Титаниум“ е опишан како лоз создаден за оние што сакаат динамика, добивки што навистина го менуваат животот и искуство што носи радост и надеж.
Со инстант лозот „Титаниум“, секој може да стане дел од возбудливата приказна на добивките, а доволен е само еден среќен лоз за нов автомобил или парична добивка. Со инстант лотаријата на Државна лотарија, секој ден е нова шанса за убаво изненадување, а секое гребење е ново возбудливо патување, порачуваат од лотаријата.
Оние кои сакаат да играат, можат да го сторат тоа преку официјалната страница loto.mk/GrebGreb. Од Државна лотарија ги повикуваат граѓаните да играат одговорно, да уживаат во забавата и да дозволат среќата да им донесе нови можности.