Тиквеш го изненади Вардар во осминафиналето од Купот, Македонија ЃП по пенали ја елиминира Брегалница

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Тиквеш го приреди најголемото изненадување во осминафиналната фаза од Купот на Македонија, откако на гостувањето кај Вардар на теренот при ФФМ славеше со убедливи 1-3 и заслужено обезбеди пласман во следната рунда. Кавадарчани одиграа одлично второ полувреме, ги искористија грешките на противникот и со тоа го завршија настапот на скопскиот клуб во ова натпреварување уште во осминафиналето. По првите 45 минути без голови, во кои Вардар беше поконкретен пред противничкиот гол, резултатот се отвори на почетокот од продолжението. Во 49. минута Виздом Окере ја искористи големата грешка на Мислав Матиќ, кој загуби топка како последен играч во одбраната, па без поголеми проблеми го совлада Давор Талески за водство на гостите од 0-1. Вардар веднаш тргна во офанзива и создаде неколку опасни ситуации пред голот на Тиквеш. По еден корнер, Азер Омерагиќ се закани со удар со глава, но Александар Вареловски ја исфрли топката од самата гол-линија. Сепак, притисокот на домашниот тим вроди со плод во 57. минута, кога Бобан Николов најдобро се снајде по една одбиена топка и донесе израмнување на 1-1. Радоста на „црвено-црните“ траеше само пет минути. Нфанли Сила со извонреден удар од косо го изненади Талески и повторно му донесе предност на Тиквеш, овојпат од 1-2. Вардар мораше да ризикува и да ги насочи силите кон противничкиот гол, но таквиот пристап остави многу простор за контранапади. Казната пристигна во 75. минута, кога Кристијан Ацковски го повлече голманот кон себе, а Тохиб Лавал ја смести топката во празната мрежа за конечни 1-3. Така, Вардар уште во осминафиналето го заврши настапот во Купот на Македонија. За скопскиот клуб ова е ново разочарување, особено ако се има предвид дека и минатата сезона беше елиминиран на истиот терен, кога во четвртфиналето загуби од второлигашот Охрид. Најнеизвесно беше во Ѓорче Петров, каде што Македонија Ѓорче Петров по голем пресврт ја елиминира Брегалница дури по изведување пенали и со тоа обезбеди пласман во четвртфиналето на Купот на Мак

Тиквеш го изненади Вардар во осминафиналето од Купот, Македонија ЃП по пенали ја елиминира Брегалница | FinPortal.mk

Тиквеш го приреди најголемото изненадување во осминафиналната фаза од Купот на Македонија, откако на гостувањето кај Вардар на теренот при ФФМ славеше со убедли