TikTok под лупа: дали им помага на „секс-инфлуенсерите“ да допрат до тинејџерки?
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
TikTok помага да се промовира и нормализира секс-индустријата, овозможувајќи им на „секс-инфлуенсерите“ да објавуваат видеа со цел да го рекламираат порнографскиот материјал што го качиле на други платформи како OnlyFans, покажува истражување на организациите Cease (Центар за ставање крај на секаква сексуална експлоатација) од Обединетото Кралство и Collective Shout од Австралија. Истражувачите една година ја проучувале неексплицитната содржина што на TikTok ја објавуваат некои од најпопуларните млади изведувачки на OnlyFans. Според нив, жените кодирани навестувања за порнографија ги кријат во „девојчински содржини за животен стил“ во кои се прикажуваат како пазаруваат, си играат со миленичињата, печат или даваат совети за нега на кожа. Иако споменувањето на OnlyFans или директното поврзување со страницата е забрането на TikTok, изведувачките користат евфемизми, емотикони и груби гестикулации за да укажат дека нивната содржина за возрасни е достапна за продажба на други платформи. Извештајот анализира како навестувањата за содржина за возрасни се кријат во нашироко споделувани видеа на TikTok во кои ѕвездите на OnlyFans ги снимаат своите рутини за коса и шминка, познати како „get ready with me“ (GRWM). За да не биде содржината блокирана, изведувачките го користат зборот „corn“ наместо „porn“, или додаваат емотикон од пченка до емотиконот од ѕвезда. Во вирални објави, изведувачките на OnlyFans на своите следбеници на TikTok им раскажувале за парите што ги заработиле од продажба на сексуална содржина. „Една од најзастапените пораки во овие објави е дека продавањето сексуални услуги на OnlyFans ти дава прекрасен живот – живот исполнет со слобода, забава, пријателство и многу пари“, се наведува во извештајот. Многу објави ја промовираат оваа порака со слики од готовина, големи куќи, приватни авиони и скапи автомобили, под наслови како „како се чувствуваш кога знаеш дека сето ова го поседувам на 23 години благодарение на 250.000 мажи“. Во некои објави, OnlyFans е претста