ТикТок групи во Тетово се натпреваруваат со снимки од нападнати деца
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Во Тетово, тикток групи организирани по етничка основа редовно објавуваат видеа од физички и вербален насилство врз деца, а снимките служат како материјал за меѓусебно натпреварување кое ќе постави „појако“ видео. Ова го откриваат сведоштва на родители чии деца биле жртви на напади, пренесени од редакцијата на „Колегиум“. Според податоците од СВР Тетово, во 2026 година биле регистрирани и пријавени 12 случаи на нарушување на јавниот ред и мир и други инциденти помеѓу малолетни лица од различни етнички заедници. Од нив целосно расчистени се само пет случаи. Меѓу пријавите има и од родители Албанци и од родители Македонци. Дарко Гавриловски од Тетово, чиј единаесетгодишен син неодамна бил физички нападнат од неколку повозрасни деца од албанска етничка припадност, изјавува дека детето повеќе не се чувствува безбедно и не сака да излегува само од дома. „Повеќе не се чувствува безбеден поради што бев принуден да му купам солзавец за да се заштити“, вели Гавриловски. Нападот врз неговиот син бил снимен и објавен на ТикТок, каде што на профили насловени како „Антикаури“, „Балисти“, „Каурски пи*ки“ и слични редовно се објавуваат видеа во кои група деца бркаат помали деца, ги напаѓаат физички или вербално, а потоа бегаат. „Моето дете беше нападнато среде бел ден. Додека со другарче одел на тренинг, ги фатиле за гуша и почнале да им ги соблекуваат јакните за да видат дали се ‚Војводи‘. Еден од нив снимал со мобилен, а снимките се за посебна ТикТок група во која со снимките од тепаните деца се натпреваруваат кој ќе стави појако видео. Ги соблекуваат, ги дават, девојче од класот на син ми ја терале да каже дали си за Балисти или за Војводи“, раскажува Гавриловски. Тој апелира дека веќе подолго време децата во Тетово се жртви на меѓуетничко насилство и дека не се работи само за „детска игра“, туку за тренд кој станува опасен. Нападот на синот го пријавил во полиција, но, како што вели, не добил уверување дека сторителите ќе бидат пронајдени и казнети. Пред девет месеци истиот ст