ТФТ со втора победа во Суперлигата, Штип остана без шанса во Тафталиџе
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Кошаркарите на ТФТ ја запишаа втората победа во македонската Супер лига, откако во воведниот натпревар од 4. коло на домашен терен го совладаа дебитантот Штип со резултат 84-70. Со тоа штипјани го претрпеа четвртиот последователен пораз во оваа конкуренција. Избраниците на тренерот Боро Смилковски славеа заслужено, иако гостите одлично го отворија натпреварот и поведоа со 0-8. Сепак, тука како да застанаа, а ТФТ брзо воспостави резултатска рамнотежа и на крајот на првиот квартал имаше и два поени предност. Решавачка се покажа втората четвртина, која ТФТ ја доби со 11 поени разлика (26-15), па на полувремето домаќините заминаа со предност од 13 поени. Во вториот дел гостите од Штип постојано се обидуваа да ја анулираат негативата, но домаќините тоа не го дозволија и на крајот заслужено славеа. Четворица кошаркари во победничката екипа имаа двоцифрен број на поени, а најмногу постигна Вајт со 22. Сила заврши со 13 поени, Николов имаше дванаесет, а Луис додаде десет. Бадијала Камерон Хамилтон заврши како најефикасен на натпреварот со 27 поени, но тоа не беше доволно неговата екипа да го избегне четвртиот пораз.