Тетово воведува присилна наплата за неплатен данок на имот и комунална такса од 1 октомври
FinPortal.mk · 23.9.2026 г.
Општина Тетово најави дека од 1 октомври ќе започнат постапките за присилна наплата на неплатените обврски по основ на данок на имот и комунална такса за фирма. Од локалната самоуправа ги повикуваат граѓаните кои имаат неплатени обврски навреме да ја проверат својата состојба и да ги извршат плаќањата, со што ќе избегнат понатамошни постапки за присилна наплата. Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, на денешниот брифинг со новинарите упати апел до граѓаните да ги подмират обврските за данок на имот за 2024 и 2025 година. Тој потврди дека општината во следните денови подготвува процедура за присилна наплата, доколку обврските не бидат реализирани навреме. „Апел до сите граѓани кои немаат платено данок на имот во 2024 и 2025 година да ја реализираат таа обврска, затоа што во следните денови подготвуваме процедура и за присилна наплата. Затоа, значи, да не дојде до присилна наплата, ги замолуваме сите граѓани да ги реализираат нивните обврски према општината за данок на имот за претходните години“, истакна Касами на брифингот. На новинарско прашање каква е состојбата со долговите на Општината, Касами тврди дека е при крај со исплаќањето. Според него, во делот на плаќање на останатиот долг веќе има склучено договор за одложено плаќање на делот од долгот со Министерството за финансии и со околу четири компании, од кои е поголемиот дел од долгот. „Остануваат околу три милиони денари кои ќе се реализираат преку извршители, преку извршување. Ние работиме тој да се плати во наредните два до три месеци, за конечно Општина Тетово да излезе од извршители“, изјави Касами. Од Општина Тетово информираат дека граѓаните за информации за данок на имот може да се обратат во канцелариите 44 и 47, како и преку електронските услуги: e-Даноци (https://edanoci.mk), апликацијата TeKLIK (https://www.teklik.mk) и веб-страницата на Општина Тетово (https://www.tetova.gov.mk). Најавата за присилна наплата доаѓа во период кога општината активно работи на затворање на своите финансиски обврски