Теса енерџи“ пушти во работа нова когенеративна постројка во Топлана Скопје Север, вложени 2,5 милиони евра

FinPortal.mk · 12.9.2026 г.

Компанијата „Теса енерџи“, која во 2024 година ја презеде во управување поранешната Топлана Скопје Север, денеска официјално ја пушти во употреба новата когенеративна постројка. Станува збор за инвестиција вредна 2,5 милиони евра, со која се очекува значително подобрување на енергетската ефикасност и сигурноста на снабдувањето со топлинска енергија во делови од Скопје. Според информациите од компанијата, двата нови генератори ќе произведуваат 2,1 мегават електрична енергија и 2,6 мегавати топлинска енергија. Со тоа, постројката овозможува комбинирано производство на електрична и топлинска енергија, што претставува значаен чекор кон модернизација на постојната инфраструктура и намалување на загубите во системот. Управителот на „Теса енерџи“, Ајри Шеј, изјави дека ова е само првата фаза од планираниот развој на објектот и дека веќе во втората фаза се предвидува нова инвестиција од 10 милиони евра. Целта, како што нагласи тој, е да се создаде современ енергетски центар кој ќе обезбедува стабилно и ефикасно снабдување со топлинска енергија за домаќинствата и останатите објекти во општините Чаир и Бутел. „За нас ова не беа само деловни одлуки, презедовме многу важен енергетски објект, но и одговорност да го зачуваме и дополнително да го модернизираме системот што обезбедува топлинска енергија за домаќинствата и останатите објекти во Чаир и Бутел. Но, ние не застанавме само на тоа. Уште тогаш имавме многу јасна визија да ја модернизираме постојната инфраструктура и да ја трансформираме во современ центар за комбинирана топлинска и електрична енергија“, рече Ајри Шеј. На настанот по повод пуштањето во употреба на постројката присуствуваше и вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, кој оцени дека оваа инвестиција е показател дека и домашните компании можат да прават зелена транзиција. Според него, ваквите проекти се од исклучително значење за државата бидејќи покажуваат дека македонските фирми можат да се вклопат во највисоките светски трендови во енерге

Теса енерџи“ пушти во работа нова когенеративна постројка во Топлана Скопје Север, вложени 2,5 милиони евра | FinPortal.mk

Компанијата „Теса енерџи“, која во 2024 година ја презеде во управување поранешната Топлана Скопје Север, денеска официјално ја пушти во употреба новата когенер