Талески: Ветуваната земјоделска преродба се претвори во пустош, субвенциите за тутунарите намалени од 100 на 80 денари

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Македонското земјоделство се наоѓа во катастрофална состојба, а за тоа директна политичка одговорност носи владејачката ВМРО и премиерот Христијан Мицкоски, изјави пратеникот од СДСМ, Миле Талески, на денешната собраниска седница, во образложението на предлог-Законот за финансиска поддршка на земјоделството, што го поднесе пратеничката група на СДСМ и коалицијата. Талески во своето обраќање потсети дека ВМРО пред изборите ветуваше земјоделска преродба, повисоки субвенции, сигурен пласман и подобар живот за земјоделците, но, како што рече, наместо тоа донесе земјоделски пустош. „Ветувавте земјоделска преродба. А донесовте земјоделски пустош. Ветувавте повисоки субвенции, сигурен пласман и подобар живот на земјоделците“, рече Талески, нагласувајќи дека за ваквата состојба во земјоделството директна одговорност има ВМРО и претседателот на владата Мицкоски, кој, како што посочи, ветуваше повисоки субвенции, сигурен пласман и подобар живот за земјоделците, а ништо не исполни – земјоделството колабира. Според Талески, последиците од политиките на власта директно ги чувствуваат земјоделците, кои вложуваат време, пари и труд, а на крајот произведуваат со загуби. Тој нагласи дека секојдневно сме сведоци на ниски откупни цени, високи производствени трошоци, неизвесен пласман и доцни исплати. „Земјоделецот вложува месеци труд, троши пари за семе, ѓубрива, нафта, препарати, работна сила, а кога ќе дојде време за продажба сфаќа дека производството и она коешто го произведува е со загуба“, рече пратеникот од СДСМ. Поради тешката состојба и кризата во која се наоѓаат, како што истакна Талески, земјоделците се принудени да ги напуштаат нивите и да ги уништуваат сопствените насади, што е сериозен сигнал за состојбата во која се наоѓа земјоделството. Тој посебно се осврна на положбата на тутунарите, на кои, како што рече, ВМРО пред избори им ветуваше зголемување на субвенциите и сигурен откуп, а по доаѓањето на власт субвенцијата ја намали од 100 на 80 денари. „Кога бевте опозиција и

Талески: Ветуваната земјоделска преродба се претвори во пустош, субвенциите за тутунарите намалени од 100 на 80 денари | FinPortal.mk

Македонското земјоделство се наоѓа во катастрофална состојба, а за тоа директна политичка одговорност носи владејачката ВМРО и премиерот Христијан Мицкоски, изј