Светска банка предупредува: Македонија 17 години заглавена во „стапицата на средниот доход“, растот сам по себе не носи побогат живот
FinPortal.mk · 6.10.2026 г.
Македонија веќе 17 години е заглавена во категоријата земји со повисок среден доход, предупреди Светска банка во извештајот „North Macedonia: Escaping the Middle-Income Trap“, презентиран денеска во Собранието. Пораката е многу понепријатна од владините прогнози за раст од 4 проценти, бидејќи укажува дека македонската економија, и покрај повремените позитивни стапки, не се движи кон европското ниво на животен стандард. Светска банка не тврди дека македонската економија не напредувала. Напротив, во извештајот се констатира дека земјата од пониско преминала во повисоко средно ниво на доход за помалку од две децении. Проблемот, според институцијата, е што потоа напредокот забавил, а токму тука лежи суштината на предупредувањето: можно е да имаме раст од 3, 4 или повеќе проценти во една година, а сепак да немаме економија што се движи кон европското ниво на животен стандард. Според Светска банка, среднорочните перспективи на земјата зависат од решавањето на структурните проблеми што ја ограничуваат продуктивноста, инклузивниот раст и приближувањето кон животниот стандард на Европската Унија. Тоа е важна порака, бидејќи продуктивноста е она што на долг рок ги одредува платите, конкурентноста и квалитетот на работните места. Во македонскиот случај, економскиот раст во голем дел се потпирал на јавната потрошувачка, активните мерки за вработување и поттикнувањето странски инвестиции. Тоа донесе значителни вработувања во изминатата деценија, но Светска банка предупредува дека најголем дел од новите работни места се концентрирани во сектори со ниска продуктивност и ниски плати. Токму тоа е можеби најнепријатниот дел од дијагнозата што ја изнесе Светска банка пред пратениците. Не е доволно да се отвораат нови работни места, туку прашањето е какви работни места отвора економијата. Ако работникот е вработен, но произведува малку, тогаш и платата останува ниска, а со неа и целиот животен стандард. Извештајот со наслов „North Macedonia: Escaping the Middle-Income Trap“ е јасна пор