Светот фрла храна вредна над еден трилион долари, а милиони луѓе гладуваат

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Додека околу една милијарда тони храна годишно завршува во ѓубре, секој тринаесетти човек на планетата се соочува со глад, предупредуваат здравствените и хуманитарните организации по повод 29 септември — Меѓународниот ден за подигање на свеста за загубите и фрлањето храна. Годинашното одбележување се одржува под мотото „Трансформативниот потенцијал на намалувањето на загубите и фрлањето храна“, со фокус врз глобалните последици од нерационалното трошење на храната. Според податоците на Програмата за животна средина на Обединетите нации и Организацијата за храна и земјоделство, речиси 19 отсто од храната достапна за потрошувачите, односно околу 1,05 милијарди тони, се фрла или пропаѓа. Дополнително, 13 отсто од храната се губи уште пред да стигне на полиците, односно во процесот на берба и транспорт. Годишната вредност на фрлената храна надминува еден трилион американски долари, што претставува огромен економски губиток за глобалната економија. Најголемиот дел од отпадот од храна настанува токму таму каде што трошиме најмногу — во домовите. Дури 60 отсто од отпадот од храна се создава во домаќинствата, 28 отсто во угостителството и секторот за услуги, а 12 отсто во малопродажбата. Овие бројки покажуваат дека борбата против фрлањето храна не е само прашање на индустријата и трговијата, туку пред сè на секојдневните навики на граѓаните. Парадоксот е уште поизразен кога ќе се спореди фрлената храна со бројот на гладни луѓе. Храната што се фрла на глобално ниво би можела годишно да нахрани 1,26 милијарди луѓе, додека во исто време меѓу 608 и 696 милиони луѓе во светот се соочуваат со недостаток на храна. Со други зборови, доволно храна се уништува за да се елиминира гладот повеќепати, а сепак милиони остануваат без основни оброци. Експертите нагласуваат дека решавањето на овој проблем носи тројна корист. Намалувањето на фрлањето храна ја подобрува прехранбената сигурност, го намалува притисокот врз природните ресурси и емисијата на стакленички гасови, и поттикнува економ

Светот фрла храна вредна над еден трилион долари, а милиони луѓе гладуваат | FinPortal.mk

Додека околу една милијарда тони храна годишно завршува во ѓубре, секој тринаесетти човек на планетата се соочува со глад, предупредуваат здравствените и хумани