Свети Димитриј — солунскиот чудотворец и заштитник на градот

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Денес православните христијани го одбележуваат споменот на Светиот великомаченик Димитриј, познат како чудотворец и заштитник на Солун. Според преданието, светителот потекнувал од благородно и побожно семејство и се родил во Солун како единствено дете на родители кои долго време немале пород и со молитва го измолиле неговото раѓање. Поради тоа, уште од најрана возраст бил воспитуван со особено внимание и грижа. Неговиот татко бил солунски војвода, а по неговата смрт Димитриј ја презел неговата должност. Во тоа време царот Максимијан, познат како гонител на христијаните, му наредил да ги прогонува и уништува христијаните во Солун. Но Димитриј не ја исполнил царската наредба. Напротив, јавно ја исповедал христијанската вера и го проповедал Христовото учење. Кога дознал за неговото постапување, Максимијан се разгневил. При едно враќање од воен поход, царот дошол во Солун и го повикал Димитриј за да го испита за неговата вера. Светителот отворено признал дека е христијанин и го осудил идолопоклонството на царот. Поради тоа бил фрлен во затвор. Свесен за судбината што го очекувала, Димитриј целиот свој имот му го доверил на својот верен ученик Луп, со задача да го подели на сиромашните. Во затворот заминал со радост, подготвен да пострада за Христос. Таму му се јавил ангел Божји и му упатил зборови на охрабрување: „Мир на тебе, страдалнику Христов. Биди храбар!“ По неколку дена, царот испратил војници да го убијат. Тие го затекнале Димитриј на молитва и го прободеле со копја. Христијаните тајно го презеле неговото тело и чесно го погребале. Според преданието, од неговите мошти започнало да истекува исцелително миро, преку кое многу болни оздравеле. Над гробот на светителот најпрво била изградена мала црква. Подоцна, еден илирски војник по име Леонтиј, кој страдал од неизлечлива болест, се помолил на моштите на свети Димитриј и оздравел. Во знак на благодарност, тој изградил поголема црква на местото на старата. Свети Димитриј и денес се смета за заштитник на Солун, а нег

Свети Димитриј — солунскиот чудотворец и заштитник на градот | FinPortal.mk

Денес православните христијани го одбележуваат споменот на Светиот великомаченик Димитриј, познат како чудотворец и заштитник на Солун. Според преданието, свети