Сведок во случајот „Државна Лотарија“: ВЛТ терминалите набавени по однапред утврдени планови, но никогаш не пуштени во употреба

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Постапката за набавка на ВЛТ терминалите во АД „Државна лотарија“ била спроведена врз основа на претходно усвоени планови и одлуки на органите на управување на компанијата, а набавените апарати никогаш не биле ставени во употреба и сè уште се наоѓаат во магацините на друштвото. Ова го изјави денеска сведокот Александар Андонов, член на комисијата што ја спровела јавната набавка, на судењето за предметот „Државна лотарија“. Андонов, кој моментално ја извршува функцијата директор на Секторот за спречување перење пари и финансирање тероризам во Државна лотарија, сведочеше дека како член на комисија составена од пет члена учествувал во постапката за набавка на ВЛТ терминалите, но дека комисијата постапувала по претходно донесени одлуки. Според неговото сведочење, комисијата немала самостојна улога во одлучувањето за тоа дали набавката воопшто ќе се реализира, туку дејствувала во рамките на однапред утврдени процедури. „Ние како комисија постапувавме по претходно веќе донесени одлуки. Истата требала да биде и била предвидена во планот за јавни набавки. Планот за јавни набавки претставува еден вид на документ, односно план во кој што се наведени сите планирани јавни набавки кои што треба да се преземат од страна на друштвото согласно целисходноста и потребата која што ја утврдуваат органите на управување во Државна Лотарија“, рече сведокот Андонов. Тој дополнително образложи дека планот за јавни набавки, процедурално и согласно интерните акти на друштвото, го донесува Управниот одбор на компанијата. Притоа, сведокот потенцираше дека самото вклучување на одредена набавка во планот не значи автоматски дека таа мора да биде спроведена како постапка, туку дека реализацијата зависи од фактичката потреба на друштвото во дадениот момент. Во продолжение на сведочењето, Андонов го образложи начинот на кој се планираат и одобруваат набавките во компанијата, посочувајќи дека покрај планот за јавни набавки постои и финансиски план како посебен документ. Според неговите зборови, финан

Сведок во случајот „Државна Лотарија“: ВЛТ терминалите набавени по однапред утврдени планови, но никогаш не пуштени во употреба | FinPortal.mk

Постапката за набавка на ВЛТ терминалите во АД „Државна лотарија“ била спроведена врз основа на претходно усвоени планови и одлуки на органите на управување на