Сушите и старите системи за наводнување ја загрозуваат македонската земјоделска иднина

FinPortal.mk · 18.9.2026 г.

Климатските промени веќе го менуваат начинот на кој македонските земјоделци ја користат водата, бидејќи подолгите сушни периоди и високите температури го зголемуваат бројот на наводнувања, а со тоа и трошоците и потрошувачката на водните ресурси. Според претседателот на Националната федерација на фармери, Стеванче Јорданоски, иднината бара промена на системите за наводнување и прилагодување на земјоделските сорти, пренесува Трн. Јорданоски предупредува дека загубите на вода се случуваат уште во самата инфраструктура за наводнување. Каналите и системите што се користат во земјоделството во голем дел се стари повеќе од половина век, поради што се амортизирани и често имаат дефекти. „Имаме загуби на водата за наводнување во самата инфраструктура, во самите мрежи за наводнување, канали и системи за наводнување кои се веќе прилично стари, над половина век и доста амортизирани“, вели Јорданоски. Дополнителен проблем е и начинот на наводнување. Дел од земјоделците сè уште користат отворени системи, бразди, распрскувачи, топови и тифони, додека како поефикасна технологија тој го издвојува системот „капка по капка“. „Денес препорачливо, и со оваа анкета потврдено, е да се наводнува со системите капка по капка, каде што се троши најмалку вода, а се постигнуваат најдобри резултати“, вели тој. Истражувањето спроведено од „Епицентар“ во соработка со Националната федерација на фармери покажало колкави количества вода се користат при наводнувањето. „Ако земеме еден хектар како пример, видовме дека се троши некаде околу 150 илјади до 200 илјади и повеќе литри, во зависност од културата“, изјавил Јорданоски, пренесува Трн. Според него, ваквата состојба ги принудува земјоделците да наводнуваат два до трипати неделно, што дополнително ги зголемува трошоците и го оптоварува и онака ограничениот воден ресурс. Тој предупредува дека водата мора да се третира како ресурс број еден, бидејќи без неа нема ниту производство ниту сигурност во храната. Поради сето ова, Јорданоски смета дека е не

Сушите и старите системи за наводнување ја загрозуваат македонската земјоделска иднина | FinPortal.mk

Климатските промени веќе го менуваат начинот на кој македонските земјоделци ја користат водата, бидејќи подолгите сушни периоди и високите температури го зголем