Судскиот совет ја прифати како основана претставката на вработените против претседателката на Основниот суд Куманово

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Судскиот совет на денешната седница ја прифати како основана претставката поднесена од вработени во Основниот суд Куманово против претседателката на судот, Снежана Манев. Одлуката е донесена со мнозинство гласови, откако осум членови на Советот гласаа за прифаќање на претставката, додека двајца беа против. Претставката е потпишана од 75 вработени во кумановскиот суд и беше поднесена по прес-конференцијата што Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) ја одржа на 22 септември пред Основниот суд Куманово. На таа прес-конференција синдикатот обвини дека вработените во овој суд се жртви на притисок и малтретирање од страна на претседателката Манев, а претседателот на Синдикатот, Трпе Деаноски, пред медиумите изнесе дел од навредите со кои, како што тврдеше, се соочувале вработените. Меѓу другото, тој наведе дека претседателката на вработените им се обраќала со зборовите „говеда“, „џукели“, „глупи сте“ и „ќе ве запалам“. УПОЗ тогаш упати повик до надлежните институции, вклучително и до Судскиот совет, со барање ова тело да поведе постапка против претседателката на судот и да ја разреши. Во спротивно, доколку нема разрешница, синдикатот се закани дека ќе бидат принудени, доколку е потребно, да ја блокираат работата на Основниот суд со штрајк. Претставката потпишана од 75 вработени денеска се најде на дневен ред на седницата на Судскиот совет, а прашањето што се отвори пред неговите членови беше дали да ја прифатат како основана или не. По обемната дискусија што се разви, мнозинството членови на Советот, конкретно осум од нив, гласаа за нејзино прифаќање, додека двајца беа против. Членката на Советот, Сузана Јошевска-Анастасовска, денеска на седницата изнесе дека наводите во претставката се однесуваат на повеќе работи. Според неа, тие вклучуваат мешање на претседателката во работите на судскиот администратор, барање нацрт-план за годишните одмори и испитување на вработените за неговото користење, како и надзор, контрола и п

Судскиот совет ја прифати како основана претставката на вработените против претседателката на Основниот суд Куманово | FinPortal.mk

Судскиот совет на денешната седница ја прифати како основана претставката поднесена од вработени во Основниот суд Куманово против претседателката на судот, Снеж