Судскиот совет ја потврди претставката на вработените во кумановскиот суд против претседателката Манев

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Судскиот совет ја утврди како основана претставката на 75 вработени во Основниот суд во Куманово, кои се пожалија од однесувањето на претседателката Снежана Манев, обвинувајќи ја за навреди, страв, психолошки притисоци, заплашување, недолично однесување и нарушена работна атмосфера. Одлуката беше донесена на седница на Советот, по извештајот на работната група што го посети кумановскиот суд и разговараше со 65 вработени. Според наодите презентирани на седницата, 15 вработени изјавиле дека лично искусиле или биле сведоци на конкретните наводи од претставката. Останатите вработени, како што беше соопштено, зборувале за постојани викања, повисоки тонови во обраќањето, чувство на притисок и лоша работна атмосфера, несогласување со начинот на кој се постапува со годишните одмори, чувство на пониженост и постојан надзор од страна на претседателката. Членката на Судскиот совет Сузана Јошевска Анастасовска изјави дека начинот на кој претседателката управува се одликува со прекумерна строгост, лоша вербална комуникација и страв кај вработените, и оцени дека тоа претставува излегување од нејзините законски надлежности, поради што претставката ја смета за основана. Осум членови на Судскиот совет гласаа дека претставката е основана, додека двајца сметаа дека Советот не треба да брза со одлуката или пак дека нема надлежност да постапува по неа. Во расправата беше истакнато и дека конфликтот всушност е меѓу претседателката и судскиот администратор, но дека последиците од него ги трпат вработените. Членот на Судскиот совет Ивица Николовски, образложувајќи го својот став, рече дека претседателот не може да дозволи вработените да не доаѓаат на работа или вештачки да се евидентираат преку лица со картички. Тој посочи дека кога од судскиот администратор било побарано да преземе мерки, а резултати не видел, претседателката си вовела тетратка за евиденција на неработниците, оценувајќи дека ако судот сака да биде ажурен, требало да го преземе тоа. Николовски додаде и дека Советот не може

Судскиот совет ја потврди претставката на вработените во кумановскиот суд против претседателката Манев | FinPortal.mk

Судскиот совет ја утврди како основана претставката на 75 вработени во Основниот суд во Куманово, кои се пожалија од однесувањето на претседателката Снежана Ман