Судовите во Македонија со 149.415 нерешени предмети по втор квартал – Судскиот совет оцени дека работат неажурно

FinPortal.mk · 30.9.2026 г.

Судовите во Македонија во вториот квартал од 2026 година не успеале да го совладаат приливот на нови предмети и заостатокот го зголемиле за 2.127 предмети, покажуваат тримесечните извештаи за работата на судовите во периодот април-јуни 2026 година, кои денеска ги усвои Судскиот совет. Според податоците изнесени на седницата, судовите го започнале кварталот со 147.288 нерешени предмети, примиле 121.909 нови, имале вкупно во работа 269.197 предмети, од кои решиле 119.782, а на крајот од периодот останале нерешени 149.415 предмети. Работата на судовите на ниво на државата е оценета како неажурна, а како еден од клучните проблеми повторно беше посочен недостигот од судски службеници. На ниво на највисоките судови, како неажурни се оценети Управниот и Вишиот управен суд. Вишиот управен суд со само шестмина судии од предвидени 13 го завршил кварталот со 2.767 нерешени предмети, додека Управниот суд со 26 судии и пополнетост на судската служба од 39,05 проценти завршил со 5.528 нерешени предмети. Врховниот суд, пак, е оценет како ажурен и покрај тоа што работи со 14 судии од предвидени 28. Во апелационото подрачје Битола, ажурни се Апелациониот суд Битола и Основниот суд Охрид, додека основните судови во Битола, Крушево, Прилеп, Ресен и Струга се оценети како неажурни. Апелациониот суд Битола работи со само девет судии од систематизирани 25 и пополнетост на судската служба од 35,19 проценти, но сепак ја задржал ажурноста, на што, според образложението, помогнало времено упатување судии од Гостивар. Основниот суд Битола е со преполовен судиски кадар, 12 од предвидени 25 судии, и завршил со 7.468 нерешени предмети. Во Крушево работи само еден судија и еден времено упатен судија, а судот кварталот го завршил со 530 нерешени предмети. Основниот суд Охрид, иако работи со седум од предвидени 18 судии и двајца делегирани судии, е оценет како ажурен. Од друга страна, Основниот суд Прилеп, со осум судии и тројца делегирани судии, останал со 9.149 нерешени предмети, додека Основниот

Судовите во Македонија со 149.415 нерешени предмети по втор квартал – Судскиот совет оцени дека работат неажурно | FinPortal.mk

Судовите во Македонија во вториот квартал од 2026 година не успеале да го совладаат приливот на нови предмети и заостатокот го зголемиле за 2.127 предмети, пока