Судот во Лозана ги отфрли жалбите: Енес Уста и ФК Гостивар загубија спорот против ФФМ
FinPortal.mk · 11.9.2026 г.
Судот за спортска арбитража (CAS) во Лозана во целост ги отфрли жалбите поднесени од ФК Гостивар и Енес Уста и ги потврди одлуките донесени од надлежните органи на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа одлука се става крај на спорот што произлезе од настаните на натпреварот меѓу ФК Гостивар и ФК Работнички, одигран во 29. коло од Првата македонска фудбалска лига во натпреварувачката сезона 2024/2025. Според информациите од ФФМ, случајот се однесува на санкциите изречени по тој натпревар поради организациски пропусти, присуство на неовластени лица во службените простории, како и поради напуштањето на теренот од страна на екипата на ФК Гостивар. Во рамките на постапките пред органите на ФФМ, на клубот му беа изречени соодветни дисциплински санкции, вклучително и одземање бодови, додека Енес Уста беше санкциониран поради своето однесување и поттикнување на настаните што доведоа до прекин на натпреварот. По разгледувањето на жалбите, CAS во Лозана заклучи дека одлуките на дисциплинските и жалбените органи на ФФМ се донесени во согласност со важечките прописи, а изречените санкции се соодветни и пропорционални на утврдените прекршоци. Со тоа, жалбите на ФК Гостивар и Енес Уста се одбиени, а оспорените одлуки на ФФМ се потврдени во целост. Одлуката на CAS има посебно значење за ФФМ, бидејќи станува збор за прв случај во кој Федерацијата успешно ги одбранила своите одлуки пред Судот за спортска арбитража во Лозана. Тоа претставува и потврда дека одлуките на надлежните органи на ФФМ се темелат на прописите и принципите на фудбалското право и подлежат на независна меѓународна правна проверка. ФФМ и во минатото била предмет на постапки пред CAS. Во 2011 година, актуелниот претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ, го доби спорот пред Судот за спортска арбитража против тогашното раководство на Федерацијата, откако претходно доживотно беше суспендиран од фудбалот и со тоа оневозможен да се кандидира за претседател на ФФМ. Пред CAS беше донесена и одлука против Федерација