FinPortal.mk

Судија му нареди на Трамп да го врати пристапот на CNN, MS NOW и Politico во Белата куќа

FinPortal.mk  · 
Судија му нареди на Трамп да го врати пристапот на CNN, MS NOW и Politico во Белата куќа

Сојузниот судија Тим Кели издаде наредба со која на новинарите на CNN, MS NOW и Politico привремено им се враќа пристапот во Белата куќа, оценувајќи дека забраната за медиумите што ја воведе американскиот претседател Доналд Трамп веројатно е неуставна. Според решението, на трите редакции веднаш треба да им биде вратен пристапот што претседателот го беше забранил на 18 септември.

Кели, кој во 2017 година беше номиниран од Трамп за сојузен судија, наложи администрацијата да ги врати, обнови и возобнови прес-акредитациите од типот „хард пас“ што ги поседуваа вработените во трите медиуми, а кои беа одземени. Наредбата останува на сила 14 дена.

Во образложението на решението, судијата посочи дека нема фактичка основа за тврдењето на тужените дека одземањето на акредитациите навистина ќе ја заштити националната безбедност, ниту пак дека таа би била загрозена доколку судот нареди нивно враќање додека трае постапката.

Трамп претходно објави на Truth Social дека ги забранува овие медиуми од Белата куќа со веднашна важност, предупредувајќи дека и други „лажни медиуми“ би можеле да ја делат истата судбина. Како причина ги наведе, како што ги нарече, „кумулативните стории“ на трите редакции, додавајќи дека „ти се смачува од тоа“.

Во извештајот се наведува дека CNBC и MS NOW се делови на Versant Media.