Судиите предупредуваат: без доволно кадар и средства нема навремена правда

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Здружението на судиите на Македонија упати остра реакција на Годишниот извештај на Судскиот совет за работата на судовите во 2025 година, оценувајќи дека состојбата во правосудството е сериозно загрозена поради недостиг на судии, недостиг на судски службеници и ограничен буџет. Според Здружението, ваквите услови директно го загрозуваат навременото остварување на правдата за граѓаните, а предупредуваат дека состојбата се влошува и покрај постојаните најави за реформи, стратегии и законски измени. „Правдата не може да биде ефикасна без судии, без професионална судска служба и без соодветни ресурси“, се наведува во реакцијата на Здружението на судиите. Од таму оценуваат дека законските гаранции за независност на судството се недоволни доколку не постои професионална судска служба и предвидливо финансирање, односно доколку судовите не располагаат со стабилни и однапред обезбедени средства за своето работење. Здружението на судиите бара итно пополнување на испразнетите судиски места, како и на местата во судската администрација, нагласувајќи дека без кадар нема да може да се одговори на обемот на предмети и на очекувањата на граѓаните за навремена правда. Покрај кадровскиот проблем, од здружението укажуваат и на ограничениот буџет како дополнителен фактор што ја отежнува секојдневната работа на судовите. Во реакцијата се нагласува дека реформите треба да донесат мерливи резултати во секојдневното работење на судовите, наместо да останат само декларативни заложби. Според Здружението, потребно е реформите да бидат видливи во практиката, а не само на хартија, и да придонесат кон поквалитетно и поефикасно судство. Меѓу предложените мерки што ги наведува Здружението на судиите се преиспитување на судската мрежа согласно потребите на граѓаните, дигитализација на судското работење, примена на вештачка интелигенција во судските процеси, како и кадровско зајакнување на судовите. Од здружението сметаат дека овие мерки се неопходни за да се подобри ефикасноста и достапноста на прав

Судиите предупредуваат: без доволно кадар и средства нема навремена правда | FinPortal.mk

Здружението на судиите на Македонија упати остра реакција на Годишниот извештај на Судскиот совет за работата на судовите во 2025 година, оценувајќи дека состој