Студентските поплаки преку „Дигитален студентски глас“ надминаа 1.200 за шест месеци

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Повеќе од 1.200 поплаки од студенти пристигнале во изминатите шест месеци преку платформата „Дигитален студентски глас“, а најголем дел од нив се однесуваат на условите во студентските домови, јавниот превоз, стипендиите и субвенционираниот студентски оброк. Податоците покажуваат дека студентите најмногу реагирале токму на овие четири области, кои се издвојуваат како најчести причини за пријавување. Дел од студентите пријавиле дека во студентскиот дом „Стив Наумов“ плаќаат двојна партиципација, а притоа, како што наведуваат, не добиваат доволно храна. Поради факултетските обврски, дел од студентите не стигнуваат навреме ни на ручек. Еден од студентите изјавил дека во новите соби се случува да протекува парното и стари цевки, но дека по пријавувањето до директорот веднаш имало реакција. Според него, домот се отворил, но парното доцнело, а студентите пријавуваат и дека немаат парно. Тој додаде дека условите во домот се добри, но дека храната не треба да биде тема за разговор, туку нешто што веќе треба да биде исполнето. Покрај тоа, имало пријави и од други студентски домови за недостиг од топла вода, струја и греење. Овие поплаки дополнително ја потврдуваат сликата дека проблемите со основните услови за живеење во студентските домови остануваат меѓу најчесто пријавуваните. Значителен дел од поплаките се однесувале и на јавниот превоз. Студентите се жалеле на недостиг од автобуси за приградски превоз, на растот на цените на билетите, но и на нееднаков третман во однос на бесплатниот превоз. Бесплатниот јавен превоз е регулиран со одлука на Владата, поради што студентите од други универзитетски градови се чувствуваат дискриминирано затоа што, за разлика од Скопје, таму нема бесплатен јавен превоз. Дополнително, како проблем е посочено и тоа што во Скопје бесплатниот јавен превоз важи само за студентите на државните универзитети, но не и за студентите на приватните универзитети. Токму ова било еден од најчесто пријавуваните предизвици од студентите на приватните универзи

Студентските поплаки преку „Дигитален студентски глас“ надминаа 1.200 за шест месеци | FinPortal.mk

Повеќе од 1.200 поплаки од студенти пристигнале во изминатите шест месеци преку платформата „Дигитален студентски глас“, а најголем дел од нив се однесуваат на