Студентите во „Стив Наумов“ со стари проблеми во реновираниот дом, партиите бараат одговорност
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Новата академска година за студентите во државниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје започнала со истите стари проблеми, иако домот неодамна беше целосно реконструиран. Студентите се пожалија дека се соочуваат со протекување вода во собите и со недостиг на парно греење, поради што реагираа на условите во кои треба да живеат и да учат. Реконструкцијата на домот ја започна Министерството за образование и наука (МОН) со поддршка од Европската Унија во јули 2024 година, а работите неодамна беа завршени. Сепак, наместо подобри услови, студентите велат дека се соочуваат со дефекти и со проблеми со греењето, што предизвика реакции и од политичките партии, кои бараат одговорност за вложените средства. Од партијата Левица најавија тужба до Управниот суд и претставка до Народниот правобранител, со барање да се испита постапувањето на МОН и да се заштитат правата на студентите. Генералниот секретар на Црвена Младина, Марија Ванчева, порача дека правото на студентски оброк е законско и лично право на секој студент и дека министерката не може наместо да овозможи целосно уживање на тоа право паушално да се правда и да одлучува во име на сите студенти. Од СДСМ, пак, прашуваат каде завршиле десетте милиони евра наменети за подобрување на студентскиот стандард, обвинувајќи дека студентите сè уште немаат основни услови за живот. Од МОН на овие обвинувања одговорија дека опозицијата само се обидува да ја дискредитира работата на министерството и дека вистината е поинаква. Според МОН, во домот „Стив Наумов“ била запушена канализацијата поради фрлени влажни марамчиња, се активирал алармот поради заборавена храна во вклучена микробранова печка и поради запалена цигара во соба, бил откорнат радијатор, а автомобили биле паркирани и на зелените површини во дворот. Со овие проблеми, како што наведуваат, се соочиле надлежните, а од министерството уверуваат дека изведувачот ќе ги санира во рамки на гарантниот рок. „Условите во ‚Стив Наумов‘ се одлични, а храната согласно пропишани нутрити