Студентите бараат одговорност: над 700 пријави за неправилности на испити, лоши услови во домовите и доцнење на стипендиите

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Повеќе од 700 пријави за проблеми со кои се соочуваат студентите во земјава биле доставени во последните шест месеци преку независната студентска платформа „Студентарија“, а дополнително повеќе од 1.200 студенти гласале за пријавените проблеми. Овие податоци беа презентирани на прес-конференција на која претставниците на платформата ги соопштија клучните наоди и препораки од проектот „Дигитален студентски глас“. Според наодите, студентите пријавуваат нејасни критериуми при оценување од страна на професорите, испитни прашања што не биле опфатени со материјалот за подготовка, како и фаворизирање на одредени студенти. Меѓу најчесто пријавуваните проблеми се и неусогласениот износ на субвенционираниот студентски оброк со инфлацијата, прекини на струја и вода во студентските домови, доцнење на стипендиите и скапиот меѓуградски превоз. Ана Шоповска од „Студентарија“ на прес-конференцијата посочи дека студентскиот стандард не подразбира само финансиска поддршка и услови за студирање, туку и навремено информирање и функционална комуникација со институциите. „Студентите бараат информации преку социјалните мрежи. Од сите пријави добиваме појасна слика за проблемите. Студентскиот стандард е и прашање дали студентот ќе добие одредена информација и дали институциите ќе му одговорат навреме“, изјави Шоповска. Гоше Николов, исто така од платформата, објасни дека при анализата на пријавите не се воделе само од бројот на поплаки, туку и од природата на проблемите и институционалните пречки со кои се соочуваат студентите. Анализата покажала шест области во кои проблемите се највидливи, а меѓу најчесто пријавуваните е субвенционираниот студентски оброк. Иако износот на оброкот изнесува 140 денари дневно, тој не е зголемен ниту еднаш од 2023 година, и покрај законската обврска за негово усогласување со инфлацијата, тврдат од платформата. „Студентите добиваат иста поддршка од државата, но она што можеле да го купат со тие пари во 2023 година, денес можат само да го сонуваат. Тие не бара

Студентите бараат одговорност: над 700 пријави за неправилности на испити, лоши услови во домовите и доцнење на стипендиите | FinPortal.mk

Повеќе од 700 пријави за проблеми со кои се соочуваат студентите во земјава биле доставени во последните шест месеци преку независната студентска платформа „Сту