Студенти најавуваат тужба против МОН поради висината на студентскиот оброк

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Група студенти најавуваат поведување постапка пред Управниот суд и поднесување претставка до Народниот правобранител поради, како што тврдат од партијата Левица, непочитување на законските одредби за висината на субвенционираниот студентски оброк. Информацијата беше соопштена на прес-конференција, а според обвинувањата на партијата, Министерството за образование и наука продолжува да го исплаќа студентскиот оброк во износ од 140 денари, иако студентите бараат негово законско усогласување. На прес-конференцијата, генералната секретарка на Црвена младина, Марија Ванчева, изјави дека група студенти претходно поднеле приговор до МОН со кој побарале да се почитува законски предвидениот износ на студентскиот оброк, како и да им биде надоместена финансиската штета за периодот во кој, според нив, не било извршено потребното усогласување. Според неа, Министерството не донело управен акт со кој суштински би одлучило по барањето, туку доставило одговор што таа го оцени како паушален. „Студентскиот оброк не е привилегија што министерката може да ја доделува по сопствена волја, туку законско лично право на секој студент“, порача Ванчева на прес-конференцијата. Таа смета дека ниту министерката, ниту студентските организации, ниту други групи можат да одлучуваат во име на сите студенти дали ќе ги остваруваат правата што им следуваат со закон. Од Црвена младина обвинуваат дека МОН со ваквото постапување го избегнува суштинското разгледување на приговорот, наместо да донесе образложена одлука за барањата на студентите. „Правото на секој студент мора да се почитува поединечно, а не да се релативизира преку договори и ставови на избрани претставници“, истакна Ванчева. Според изнесеното на прес-конференцијата, токму поради ваквото постапување на Министерството за образование и наука, студентите најавуваат поведување постапка пред Управниот суд и поднесување претставка до Народниот правобранител, со цел да се заштитат нивните законски права. Во обвинувањата на партијата Левица се наведу

Студенти најавуваат тужба против МОН поради висината на студентскиот оброк | FinPortal.mk

Група студенти најавуваат поведување постапка пред Управниот суд и поднесување претставка до Народниот правобранител поради, како што тврдат од партијата Левица