Стравот и неинформираноста ги туркаат пациентите кон мито и „врски“ во здравството

FinPortal.mk · 5.10.2026 г.

Неинформираноста, несигурноста и ранливоста на пациентите, заедно со вкоренетата култура на барање „врски“ и давање мито, ја хранат корупцијата во јавното здравство. Ова беше главниот заклучок од третата јавна трибина насловена „Корупција во здравството – да зборуваме отворено“, која се одржа во Свети Николе, а на која беа презентирани и резултатите од истражување спроведено меѓу жените во реонот на Штип, Свети Николе и Лозово. Според податоците изнесени на трибината, 60 отсто од жените во овој регион имаат тешкотии при пристапот до здравствени услуги, а речиси 53 отсто се соочуваат со финансиски пречки да ги покријат основните трошоци. Овие бројки, како што беше нагласено, откриваат директна врска меѓу сиромаштијата, местото на живеење и пристапот до здравствена заштита. Ирина Поцкова од Граѓанската иницијатива на жени – Свети Николе, која беше еден од организаторите на настанот, истакна дека резултатите од истражувањето покажуваат дека жена која живее во село и се соочува со финансиски тешкотии е многу повеќе изложена на неправилности и злоупотреби. Според неа, ваквата состојба често води до ситуации во кои пациентката чувствува дека нема друг избор освен да плати, да побара врски или целосно да се откаже од потребната здравствена услуга. На трибината учествуваше и доктор Горан Андонов, специјалист по медицина на труд, кој проблемот со корупцијата во здравството го опиша како комбинација од повеќе фактори. Тој ги наведе нискиот степен на информираност, недостигот на кадар и недоволниот надзор како клучни причини што создаваат простор за злоупотреби. „Ако правилата не се јасни, ако листите на чекање не се транспарентни, ако пациентот не знае кому да се обрати и ако контролата е слаба, тогаш се создава простор некој поединец да ја злоупотреби таа ситуација“, рече Андонов. Тој дополнително нагласи дека борбата против корупцијата не може да се сведе само на пронаоѓање и казнување на поединецот, туку дека мора да се намалат и условите во кои таквото однесување може да

Стравот и неинформираноста ги туркаат пациентите кон мито и „врски“ во здравството | FinPortal.mk

Неинформираноста, несигурноста и ранливоста на пациентите, заедно со вкоренетата култура на барање „врски“ и давање мито, ја хранат корупцијата во јавното здрав