Странските возачи го полнат резервоарот во Македонија — растот на потрошувачката на гориво делумно доаѓа од пограничното точење
FinPortal.mk · 1.10.2026 г.
Зголемената потрошувачка на нафтени деривати во Македонија, особено на дизелот и бензините, не е резултат само на домашното трошење. Според претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Ацо Ристов, значителен дел од растот доаѓа од возачи од соседните земји кои доаѓаат во Македонија специјално за да наполнат гориво. Ристов во емисијата „Ноќно студио" на 4ТВ изјави дека РКЕ не располага со прецизна можност да ја раздвои домашната од „извезената" потрошувачка, но податоците покажуваат значителен раст во изминатиот период. „Не можеме да направиме раздвојување што значи домашна потрошувачка и да кажеме – ова е извезена потрошувачка. Меѓутоа, имаме параметри дека многу е зголемена потрошувачката на гориво", рече тој. Според Ристов, клучната причина за дел од растот е пониската цена на горивата во Македонија во споредба со земјите од регионот. „Не е тоа последица на домашното трошење, туку баш она на пограничното трошење", изјави претседателот на РКЕ, додавајќи дека во текот на летната сезона дополнителен фактор бил и транзитот на патници низ земјава. Тој посочи дека возачите кои патуваат низ Македонија имаат интерес да ги наполнат резервоарите во земјава поради пониските цени во споредба со Србија, Грција и други околни држави. Ваквата состојба со пограничното точење, според него, директно влијае врз вкупните бројки за потрошувачката на нафтени деривати што се регистрираат во земјава. Зголемената потрошувачка на гориво, според Ристов, носи и дополнителни приходи за државниот буџет преку даноците и акцизите. „Од секој литар нафтен дериват, од 25 до 35 денари е бенефитот за државата, односно за полнење на буџетот", рече тој. Ристов нагласи дека домашната потрошувачка, независно од транзитот и пограничното точење, вообичаено расте за околу два до три проценти годишно. Тој овој раст го поврза и со економската активност во земјата. Според него, растот на бруто домашниот производ и индустриското производство се поврзани со зголемен транспорт и превоз, што неминовно вл