Стопанската комора предлага намалување на празниците: ако празникот падне во недела, понеделникот да биде работен
FinPortal.mk · 5.10.2026 г.
Стопанската комора на Македонија најави дека до надлежните институции ќе достави предлог-измени на Законот за празници, со кои, како што велат од бизнис-секторот, би се зголемила продуктивноста на работниците и би се намалиле организациските и финансиските тешкотии со кои се соочуваат работодавачите. Предлогот предвидува намалување на вкупниот број неработни денови, како и ново правило според кое, доколку некој празник се падне во недела, тој повеќе нема да се префрла на понеделник, туку понеделникот ќе остане редовен работен ден. Според Анета Димовска, проектен менаџер во Стопанската комора, со сегашниот број на празници работодавачите имале организациски и финансиски проблеми, а работниците често пати, со спојување на деновите, заминувале во соседните држави. Таа изјави дека со намалувањето на бројот на празниците земјата би се доближила до рамките на европските практики. Според предлогот на Комората, 11 државни празници би останале неработни, додека од останатите верски празници или денови на заедниците, работниците би можеле сами да изберат три кои ќе ги празнуваат. Димовска ги наведе како пример неработните денови за верниците од православна вероисповед, меѓу кои Бадник како ден пред Божиќ, 19 јануари Богојавление, Велики петок како ден пред Велигден, 28 август Успение на Пресвета Богородица и Духовден, како и првиот ден на Курбан Бајрам за верниците од муслиманска вероисповед. Како неработни денови за припадниците на заедниците, таа ги спомена 22 ноември, Денот на албанската азбука за припадници на албанската заедница, и 21 декември, Денот на настава на турски јазик. Димовска истакна дека се предлага и доколку празникот се падне во недела, да нема негово префрлање, односно во тој случај понеделникот да си остане работен ден. Со тоа, како што објасни таа, би се избегнало создавањето на продолжени викенди кои дополнително ја оптоваруваат работата на компаниите. Запрашана дали за ваквите предлози се консултирале и со Сојузот на синдикатите, Димовска рече дека не