Стопанската комора бара намалување на неработните денови, ССМ остро се противи
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Стопанската комора на Македонија денеска ги презентираше своите предлози за измени на Законот за празниците, со кои, како што беше соопштено, во насока на оптимизирање на бројот на неработни денови и зголемување на продуктивноста и економската ефикасност, се бара намалување на празниците во календарската година. Според најавите, Комората набргу до Министерството за економија и труд ќе достави предлог-измени со кои бројот на неработни денови индиректно би се свел на 13, а празниците што се паѓаат во недела повеќе не би се префрлале како неработен ден во понеделник. На прес-конференцијата, проектниот менаџер во Стопанската комора, Анета Димовска, истакна дека предлогот не предвидува укинување на постојните празници, туку ревидирање на правото на користење неработни денови. Таа објасни дека нивниот предлог нема да значи бришење или укинување конкретни празници, туку ревидирање на правата што произлегуваат од вака дефинирани празници, за сметка на барањето за укинување прослава на некои од празниците. Според неа, дури и сега ваквата поставеност на системот може да се третира како систем што не е во согласност со Уставот, бидејќи на некој начин ги става во нерамноправна позиција граѓаните припадници на различни групи. Димовска потенцираше дека, ако се оди по таа логика, припадниците на српската заедница или на влашката заедница, доколку се православни, имаат најголем број на неработни денови — единаесет за сите, пет кои се однесуваат на припадници на православна вероисповед и дополнителни денови кои се однесуваат на конкретната етничка заедница. За сметка на тоа, како што рече, припадник на исламска вероисповед има помалку денови предвидени за прослава по однос на ваквите религиски празници. Таа како пример наведе дека постои небулоза, да речеме, празникот Свети Сава, што кај нас е предвиден како неработен ден за припадници на српската етничка заедница, а во соседна Србија не е неработен ден. На ова веднаш реагираше Слободан Трендафилов, претседателот на Сојузот на синди