Стопанска банка ќе го засили кредитирањето и дигитализацијата, но со внимателно управување со ризиците
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Стопанска банка Скопје во претстојниот период ќе го засили кредитирањето и дигитализацијата, но со внимателно управување со ризиците, според очекувањата на менаџментот на банката за натамошното работење. Овие планови доаѓаат во услови кога добивката на банката е во надолна линија уште од првиот годинешен квартал, а работењето во периодот јануари – септември се ефектуирало со нето-добивка од 38,1 милион евра. Таа нето-добивка е за 18,3 отсто пониска од заработените 46,6 милиони евра во истиот период лани. Пред оданочување и резервации, добивката на Стопанска банка изнесувала 52,64 милиони евра, а по издвојувањето на резервациите добивката пред оданочување е 44,66 милиони евра. Врз финансискиот резултат влијаеле повеќе околности, првенствено пониските каматни стапки, а какви ќе бидат натамошните движења не е сосем извесно. Менаџментот на Стопанска банка очекува позитивните трендови во домашната економија да продолжат и во претстојниот период, поддржани од домашната побарувачка, движењата на пазарот на труд и очекуваното засилување на инвестициите. Сепак, неизвесноста останува висока. Како главни ризици се издвојуваат геополитичките тензии, нестабилното глобално економско окружување и можните промени во странската побарувачка. Дополнителен ризик претставуваат цените на енергијата и суровините, кои можат повторно да создадат инфлациски притисоци и да влијаат врз трошоците на компаниите и потрошувачката на населението. Во своите очекувања, Стопанска банка се повикува на најновите проекции на домашните и меѓународните институции, кои упатуваат на продолжување на економскиот раст, но и на задржани ризици врз ценовната стабилност. Светска банка во октомври ја ревидира нагоре прогнозата за растот на македонската економија во 2026 година, од претходните 2,9 на 3,2 проценти. Како еден од главните двигатели на економската активност се издвојуваат инфраструктурните инвестиции и реализацијата на капиталните проекти, додека проекциите на Народната банка се нешто пооптимистички. Сп