Стојановски бара Антикорупциска веднаш да достави анализа за законот за Скопје 2028
FinPortal.mk · 15.9.2026 г.
Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ денеска од собраниската говорница побара Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси веднаш и неодложно да изработи антикорупциска анализа на предлог-законот за спроведување на проектот Скопје – Европска престолнина на културата 2028 и да ја достави до пратениците. Според Стојановски, тој и уште 24 други пратеници веќе 45 дена чекаат институцијата да го заврши тој документ, кој е неопходен за законот да може да се донесе. Стојановски потсети дека предлог-законот е поднесен во јули, а до денеска, како што рече, нема никаков одговор од Антикорупциската комисија. Тој наведе и конкретен датум – на 30 јули институцијата издала соопштение во јавноста во кое имало низа критики, но дека од тогаш до 15 септември, односно 45 дена подоцна, антикорупциската анализа на овој закон сè уште не е изработена. – За да нема разноликост во јавноста, јас во името на тие 24 пратеници од различни политички партии кои го потпишавме овој закон сакам лично да ве повикам вас и вашата институција веднаш и неодложно да изработите една антикорупциска анализа на тој закон и да ја доставите до оние до коишто сме ја потпишале – рече Стојановски од собраниската говорница. Пратеникот ја образложи својата иницијатива со тоа што законот треба брзо да се усвои, а без мислење од Антикорупциската комисија постапката останува блокирана. Тој инсистираше анализата да биде доставена што поскоро, за да може предлог-законот да влезе во собраниска процедура и да биде изгласан. На истата седница беше усвоен Годишниот извештај на Антикорупциската комисија за 2025 година. Во расправата за тој документ, Малиша Станковиќ од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека во извештајот нема конкретни предлози за справување со корупцијата. Станковиќ рече дека во текстот се пишува оти институцијата работи на реализирање на стратегијата, но дека генерално не може да се дојде до конкретни резултати. Станковиќ нагласи и дека Антикорупциската комисија во 2025