Стојановска: Не сакам да се откажам од крвта и претците, а се прави сè за да изберам страна

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Татјана Стојановска, преку објава на социјалните мрежи, предупреди на растечката омраза меѓу Македонците и Бугарите и на притисокот со кој, според неа, се соочуваат луѓето со мешано потекло. Таа напиша дека има и македонска и бугарска крв, но дека се чувствува како „најголем изрод на овие простори“, осврнувајќи се на тензиите меѓу Македонија и Бугарија. Стојановска истакнува дека не оправдува ниту една политика, ниту онаа на нејзината матична држава Македонија, ниту бугарската, но предупредува дека омразата што се создава со години најмногу ја чувствуваат луѓето чии семејни корени се поврзани со двете земји. Според неа, општествената атмосфера создава чувство дека луѓето со мешано потекло мора да изберат страна. „Немам страна. Ја сакам својата Македонија повеќе од сè, тука нема компромис“, порачува таа во својата објава, нагласувајќи дека не сака да се откаже ниту од своето потекло ниту од предците. Во објавата го споменува и наследството од нејзиниот дедо, кој бил Бугарин и се борел за слободна Македонија. Истовремено, таа нагласува дека не го оправдува постапувањето на Бугарија кога станува збор за, како што вели, заштитување криминалци од Македонија со цел да се докаже дека македонската држава не функционира и ги прогонува Бугарите. Според Стојановска, и од двете страни отсекогаш имало луѓе што ги предавале сопствените вредности, а токму таквите личности придонесуваат луѓето со мешано потекло да се чувствуваат принудени да избираат меѓу својата земја и семејното наследство. Таа смета дека политичарите ја користат ваквата атмосфера за да ги наметнат сопствените ставови, додека истовремено зборуваат за грижа за народот. „Ни продаваат грижа за народот, додека го острат народот да мрази по национална основа“, наведува Стојановска, оценувајќи дека од ваквата состојба најголема корист имаат луѓе кои, според неа, треба да одговараат пред законот, а наместо тоа стануваат популарни. На крајот од својата објава, таа ја поставува дилемата што, според неа, сè повеќе се намет

Стојановска: Не сакам да се откажам од крвта и претците, а се прави сè за да изберам страна | FinPortal.mk

Татјана Стојановска, преку објава на социјалните мрежи, предупреди на растечката омраза меѓу Македонците и Бугарите и на притисокот со кој, според неа, се соочу