Стојаноски: Предлог-законот за трансформација во редовен работен однос носи правна сигурност за привремено ангажираните

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Пратеникот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, Бојан Стојаноски, го претстави и образложи Предлог-законот за трансформација во редовен работен однос, со кој се предвидува системско решавање на долгогодишниот проблем со привремено ангажираните лица во јавниот сектор. Според Стојаноски, целта на законското решение е луѓето кои со години чесно работат и придонесуваат за институциите да добијат правна сигурност, достоинство и права што произлегуваат од редовниот работен однос. Тој објасни дека со години во јавниот сектор се создавала состојба во која луѓе извршувале редовни и континуирани работни задачи, но формално останувале привремено ангажирани. Таквите лица, како што рече, немаат сигурност на работното место и ги немаат сите права на платен одмор, социјално и пензиско осигурување што произлегуваат од редовниот работен однос. „И ова не е само административно прашање. Ова е прашање на човечко достоинство“, истакна пратеникот. Стојаноски појасни што конкретно предвидува законот. Со него се овозможува трансформација на договорните ангажмани во редовен работен однос на неопределено време за лицата во институциите опфатени со законот, се утврдуваат конкретни рокови за реализација, се обезбедува заштита на луѓето додека трае постапката, се воведуваат ред и одговорност во идните ангажирања, а целиот процес ќе се спроведува со финансиска контрола. Според образложението, станува збор за лица ангажирани со договори на определено време, договори на дело, авторски договори, преку агенции за привремени вработувања и други договори за извршување работа. Со решението се опфаќаат органите на државната власт, определени јавни установи од областа на здравството, културата, детската и социјалната заштита, единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија, заводите, фондовите и другите институции утврдени со законот. Предвидени се и конкретни исклучоци од опфатот, кои се прецизно наведени во законскиот текст. Стојаноски кажа дека од ова законско

Стојаноски: Предлог-законот за трансформација во редовен работен однос носи правна сигурност за привремено ангажираните | FinPortal.mk

Пратеникот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, Бојан Стојаноски, го претстави и образложи Предлог-законот за трансформација во