Стојаноски: Платите и пензиите растат, но старите долгови голтаат 76 милијарди денари од буџетот

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, изјави дека во првите две години од владеењето на неговата партија платите и пензиите бележат раст, но значителен дел од буџетските средства и натаму се издвојуваат за отплата на старите долгови и каматите. Гостувајќи во емисијата „Топ тема“ на телевизијата „Телма“, тој посочи дека за враќање на наследените обврски одат околу 76 милијарди денари, што, според него, го ограничува просторот за финансирање развојни проекти и нови инвестиции. Стојаноски рече дека растот на просечната нето-плата е значителен, а минималната плата, според него, во првите две години од актуелното владеење е зголемена за 1.300 денари повеќе отколку во периодот на владеење на СДСМ. „Ако ја гледаме просечната нето-исплатена плата, тука сметам дека има навистина голем раст. Во првите две години од нашето владеење, ВМРО-ДПМНЕ ја има покачено минималната плата за 1.300 денари повеќе од СДСМ. Не можеме во ниту еден економски перформанс да се споредиме со СДСМ, а да не сме супериорни“, изјави пратеникот. Тој оцени дека граѓаните ги чувствуваат економските придобивки преку повисоките пензии и плати и дека тие промени се одразуваат во секојдневниот живот. „Граѓаните чувствуваат кога ќе отидат во маркет и кога знаат дека двајца пензионери дома имаат 14.000 денари повисока пензија отколку што имаа пред две години. Граѓаните знаат дека 99 отсто од нив имаат склучено колективни договори, со кои во еден мандат платите треба да им пораснат за 50 отсто“, рече Стојаноски. Според него, државата им помогнала и на компаниите во приватниот сектор. „Граѓаните знаат и дека, ако работат во приватниот сектор, државата ѝ помогнала на нивната компанија со 250 милиони евра во форма на поволни кредити за да ја зголеми продуктивноста. Преработувачката индустрија расте, а платите се зголемуваат и во приватниот сектор“, нагласи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ. Осврнувајќи се на буџетските расходи, Стојаноски истакна дека значителен дел од јавните средства се користат за подмирување на об

Стојаноски: Платите и пензиите растат, но старите долгови голтаат 76 милијарди денари од буџетот | FinPortal.mk

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, изјави дека во првите две години од владеењето на неговата партија платите и пензиите бележат раст, но значителен де