Стојаноски: Дијалогот со Софија да прерасне во трипартитен разговор со Брисел

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, смета дека Македонија и Бугарија најпрво треба да седнат на иста маса и отворено да ги соочат аргументите, а потоа билатералниот дијалог да прерасне во трипартитен разговор во кој ќе учествува и претставник од Брисел. Неговата порака доаѓа пред претстојната средба во Софија, каде што, според него, македонската страна треба јасно да објасни зошто смета дека европската интеграција не смее да значи откажување од сопствениот идентитет. Во гостувањето во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа, Стојаноски истакна дека е важно прво да се седне на маса и македонските аргументи да се кажат среде Софија. Тој објасни дека доколку сите сакаат да бидат дел од Европската Унија, тогаш таму треба да се почитуваат со тоа што се, а не да се креираат политики внатре во Унијата, од Брисел, коишто прилегаат на 19 век. Според пратеникот, во Софија треба отворено да бидат поставени и македонските црвени линии, но разговорите не треба да останат само меѓу двете земји. Тој смета дека е потребно македонската страна таму да каже кои се нејзините црвени линии, затоа што, како што рече, и ги има сега, а понатаму многу рационално и дипломатски тој дијалог да се направи како трипартитен разговор, каде што ќе присуствува и некој од Брисел. Стојаноски објасни дека лично цело време има чувство како на македонскиот грб да се кршат сите копја. Токму затоа, според него, е неопходно во преговорите да биде вклучен и претставник на Европската Унија, со што спорот повеќе не би бил само билатерално прашање меѓу Скопје и Софија. Пратеникот се осврна и на неодамнешната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, оценувајќи дека покрај идентитетските прашања, важен дел од нејзините пораки биле и реформите и Планот за раст. Тој напомена дека Фон дер Лајен не ги споменуваше само идентитетските прашања, туку кажа и една работа која вреди да се напомене, дека е супер задоволна од начинот на којшто Македонија ги имплементира реформите, особено

Стојаноски: Дијалогот со Софија да прерасне во трипартитен разговор со Брисел | FinPortal.mk

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, смета дека Македонија и Бугарија најпрво треба да седнат на иста маса и отворено да ги соочат аргументите, а потоа б