Стојаноски: Дигитализацијата и вештачката интелигенција ќе го намалат корупцискиот ризик во јавните набавки

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната седница на Собранието изјави дека измените на Законот за јавните набавки се дел од Реформската агенда и имаат за цел унапредување на системот преку воведување дигитални алатки и вештачка интелигенција. Според него, тоа ќе го подобри процесот на јавни набавки, ќе ги намали ризиците од корупција и злоупотреби и ќе ја поттикне реализацијата на инфраструктурните и другите проекти. Стојаноски образложи дека со предложениот амандман се предлага бришење на членот 13 од законот, а предлогот е поврзан со укажувањата на претседателката на Републиката. Тој потсети дека законот директно се носи заради новонастанатите услови во светот по геополитичката реалност и заради тоа што сегашните услови на законот се нефункционални. „Овој закон се менува неколкупати откако ова владеачко мнозинство е во Собранието, и претходниот пат за првпат во историјата беше искористен инструментот антикорупциска проверка и сето она коешто Антикорупциската комисија го достави до Собранието ние го прифативме и го внесовме“, рече Стојаноски. Пратеникот нагласи дека со бришењето на членот 13 комплетно се прифаќаат указите од претседателката и смета дека непречено законот може да продолжи во својата постапка да биде усвоен. Според него, на тој начин ќе се олесни системот и ќе се направи попрактичен, позаконски, потранспарентен и поцелисходен за целата државна управа. Тој дополни дека со измените се дополнуваат надлежностите на Бирото за јавни набавки во делот на дигитални алатки и вештачка интелигенција како инструменти за подобрување на процесот на јавни набавки и намалување на ризиците од корупција и други злоупотреби. „Зошто на крајот од денот се носи овој закон? За да се поттикне реализацијата на проектите и оваа држава да оди напред“, рече Стојаноски, осврнувајќи се и на податоците на Државниот завод за статистика во делот на градежништвото. Според изнесеното во Собранието, целта на предложените измени е системот на јавни набавки да

Стојаноски: Дигитализацијата и вештачката интелигенција ќе го намалат корупцискиот ризик во јавните набавки | FinPortal.mk

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната седница на Собранието изјави дека измените на Законот за јавните набавки се дел од Реформск