Сточари и земјоделци од Пелагонија на протест поради неисплатени субвенции
FinPortal.mk · 25.9.2026 г.
Сточарите и земјоделците од Пелагонија излегуваат на протест во среда, на 30 септември, со почеток во 11 часот, на локацијата кај Тополчани, кај млин „Осман“ на патот Битола – Прилеп. Протестот го организираат здруженијата на сточари и земјоделци „Пелагониско поле“ и „Фармери Југозапад“, а причина за револтот е неисплатената премија за млекото од јули 2025 година, како и неисплатените субвенции по повеќе основи. Според сточарите, за млекото предадено во јули 2025 година сè уште не се исплатени субвенции, иако за пет дена ќе биде октомври 2026 година. Тие истовремено укажуваат дека нема реакција од власта и за намалениот откуп на млекото, кој според нив изнесува дури 10 денари по литар. Лани литар млеко се откупувал и по 33 денари, а сега цената е 23 денари за литар, со стравување дека таа би можела да падне и на 20 денари за литар, колку што чини шише вода во маркетите. „Протестот ќе биде во траење од час и половина. Досега требаше да бидеме исплатени и за првиот квартал од 2026 година. Но, сè уште немаме пари за десет месеци. Го демантираме министерот Серафимовски кој кажува дека 90 проценти од субвенциите за 2025 се исплатени. Ние велиме дека нема исплата ни на 50 проценти од обврските кон земјоделците. Бараме за Програмата за 2027 година да бидеме вклучени во нејзиното донесување и да бидеме исплатени по 250 евра од крава, а не како досега 8.000 денари, кои беа намалени од 12.000 денари како што беше пред две години. Нека се спореди нашата влада со Србија и нека види колку пари таму земаат сточарите. Ги покануваме сите да ни се придружат и министерот и пратениците кои можат да го пренесат гласот на селанецот, а и сите фирми со кои селанецот соработува“, изјави Борче Бучински од здружението „Пелагониско поле“. Миле Кебакоски, претседател на здружението „Фармери Југозапад“, вели дека имало обиди проблемите на земјоделците да се решат на маса во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, но дека не успеале да остварат состанок со надлежните. „Жал ми