Стан од 50 квадрати во Центар достигна цена од 168.000 евра

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Највисоката цена на станбен простор во земјава е евидентирана во скопската општина Центар, каде што квадратен метар е продаден за 206.640 денари, односно околу 3.360 евра. Станот има површина од 50 квадратни метри и е продаден за вкупно 168.000 евра, што претставува најскапата регистрирана трансакција со станбен простор во анализираниот период. Според податоците од пазарот на недвижности, во Центар е забележана и највисоката просечна цена на становите од стара градба, која изнесува 1.547 евра за квадратен метар. Оваа општина се издвојува и по вкупната вредност на купопродажбите, која достигнала 78,3 милиони евра, што ја става веднаш зад општина Аеродром како втор најактивен пазар во главниот град. Општина Аеродром има највисока вкупна вредност на купопродажбите со 83,8 милиони евра и раст од 75 отсто во однос на претходниот период. По неа следуваат Центар со 78,3 милиони евра и Карпош со 62,8 милиони евра, додека во Гази Баба вредноста на реализираните трансакции достигнала 53,6 милиони евра. На ниво на целата земја, становите се на врвот според бројот на купопродажби со вкупно 3.746 трансакции, што претставува 32,9 отсто од вкупниот број. Речиси ист удел имаат земјоделското земјиште и шумите со 3.703 купопродажби или 32,5 отсто од вкупниот број трансакции. Потоа следуваат куќите со 1.424 купопродажби и градежното земјиште со 1.366 трансакции. Овие четири категории заедно сочинуваат 89,9 отсто од сите регистрирани купопродажби. Деловните простори имаат 485 купопродажби, гаражите 354, останатите недвижности 282, а индустријата 35 трансакции. Кога станува збор за вкупната вредност на реализираните трансакции, становите повторно се на прво место со 289,1 милиони евра. Куќите достигнале 101 милион евра, деловните простори 98,3 милиони евра, а градежното земјиште 52,6 милиони евра. Кај земјоделското земјиште и шумите се реализирани купопродажби вредни 39,9 милиони евра, кај индустријата 21,5 милиони евра, кај останатите недвижности 20,9 милиони евра, а кај гаражите 2,4 м

Стан од 50 квадрати во Центар достигна цена од 168.000 евра | FinPortal.mk

Највисоката цена на станбен простор во земјава е евидентирана во скопската општина Центар, каде што квадратен метар е продаден за 206.640 денари, односно околу