Стафа во судница: Никогаш не сум му дал пари на судијата Ристов, 30 илјади евра биле заем од Ѓаволот

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој моментално издржува затворска казна, денеска беше спроведен од затворот „Шутка“ во Кривичниот суд, каде што сведочеше во постапката против судијата Ѓоко Ристов. Стафа беше предложен како сведок на одбраната, а неговото сведочење предизвика внимание поради тоа што во сопствениот предмет претходно признал вина и се спогодил со обвинителството, но пред судот денеска негираше дека парите што ги зел од сестрата на Љупчо Пецов – Ѓаволот, биле наменети за Ристов. Според обвинението, Стафа како адвокат побарал и зел вкупно 50 илјади евра со цел да му ги даде на судијата. Тој, пак, пред судот тврдеше дека 20 илјади евра биле адвокатска награда за застапувањето на Пецов, додека преостанатите 30 илјади евра, според неговиот исказ, Пецов му ги дал како заем. „Во ниту еден предмет не сум му дал пари на Ѓоко Ристов“, рече Стафа пред судот, негирајќи ја сржта на обвинението против судијата. Стафа објасни дека признанието на вината во неговиот сопствен предмет било резултат на неговата проценка дека тоа е помалото зло. Според неговите зборови, додека бил во притвор, бил убеден дека нема да излезе жив од затворската ќелија. „Кога видов дека нема друго, решив да признаам. Бев убеден дека нема да излезам жив од таа ќелија“, рече тој во судницата, опишувајќи ја состојбата во која се наоѓал додека траела истрагата. Во сведочењето, Стафа се осврна и на своите тврдења за наводни притисоци од истражители и обвинителката Искра Хаџи-Василева. Тој рече дека бил притискан да прифати дека 20 илјади евра требало да му бидат дадени на Ристов. Според неговото сведочење, истражител му се повикувал на обвинителката и му велел дека доколку сака да се „спаси“, треба да ја прифати таа верзија. „Десет години ќе лежам, нема тоа да го дозволам“, рече Стафа, раскажувајќи го својот наводен одговор на тие притисоци. Тој изнесе и тврдења за постапувањето на истражителите при неговото лишување од слобода. „Беше многу агресивен, ми вршеше тортура, ме малтретира

Стафа во судница: Никогаш не сум му дал пари на судијата Ристов, 30 илјади евра биле заем од Ѓаволот | FinPortal.mk

Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој моментално издржува затворска казна, денеска беше спроведен од затворот „Шутка“ во Кривичниот суд, каде што с