Спасовски: Гајдов се вработил како Албанец, а директор станал како Македонец и фалсификувал записник за да ја спаси Митева од казна
FinPortal.mk · 18.9.2026 г.
Пратеникот Оливер Спасовски на вчерашната 84. седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците изнесе сериозни обвинувања против директорот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, Петар Гајдов. Според Спасовски, Гајдов се вработил во Агенцијата како Албанец, а потоа станал директор како Македонец, при што, како што тврди пратеникот, фалсификувал записник со цел да ја спаси Марија Митева од казна. Спасовски со документи во рака му се обратил на Гајдов на седницата на која на дневен ред бил Годишниот извештај на Агенцијата за 2025 година. Тој посочил дека Гајдов е вработен во Агенцијата во 2021 година, на работно место помошник-раководител на сектор за правни, општи работи и управни постапки во Секторот за управно-правни работи, каде што се бара еден извршител. Според Спасовски, јавниот оглас на кој што е вработен Гајдов предвидувал дека вработувањето, согласно годишниот план за институцијата за 2020 година, е на Албанец, односно Албанка. „Ова е јавниот оглас на кој што сте вработени. И во тој јавен оглас вика дека предвиденото вработување, согласно годишниот план за институцијата за 2020 година, е Албанец, односно Албанка. Согласно решението во кое што се врши изборот, јасно е дека сте избрани за раководител, односно за помошник-раководител на тоа место, како етнички Албанец во тоа време. Јас не навлегувам во тоа дали вие сте Албанец, Македонец, Кинез и така натаму, секој има право, тоа е природно право. И вие сте сѐ Албанец сѐ до моментот кога треба да конкурирате за директор на институцијата. Пред да конкурирате за директор на институцијата, давате изјава заверена кај нотар. Еве ја изјавата. Во којашто велите: ‘Јас, Петар Гајдов, со матичен број тој и тој, од Скопје, вработен во Агенцијата’“, рекол Спасовски, цитирајќи го документот. Според пратеникот, пред да дојде на директорската функција, Гајдов како претседател на Прекршочната комисија донел спорно решение за запирање на постапката против Мар