Спасеновски: Ако државата не го слуша народот, народот ќе ѝ се појави и ќе ѝ каже што да прави

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Универзитетскиот професор Александар Спасеновски предупреди дека државата која не го консултира народот и не води сметка за неговите интереси мора да смета на тоа дека граѓаните непосредно ќе ѝ се појават и ќе ѝ предочат што треба да прави. Оваа порака тој ја упати во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, каде анализираше ги актуелните протести во Србија, Албанија и во други европски земји. Според Спасеновски, границата меѓу демократското право на протест и насилството е многу тенка, а секое изразување незадоволство мора да остане во рамките на демократските процедури. Тој потсети дека протестите претставуваат легитимен облик на непосредна демократија, преку кој граѓаните можат да го искажат своето незадоволство од институциите и од политичките претставници. Професорот објасни дека современата претставничка демократија се темели на изборот на политички партии, кои имаат обврска да ги застапуваат интересите на граѓаните во институциите. Сепак, како што нагласи, тоа не го исклучува правото на граѓаните непосредно да учествуваат во демократските процеси. „Ако државата не го консултира народот, ако не води сметка за неговите интереси, тогаш народот ќе ѝ се појави на државата и ќе ѝ предочи што треба да прави“, посочи Спасеновски во емисијата. Тој нагласи дека непосредната демократија, вклучително и протестите, не е спротивставена на претставничката демократија, туку придонесува за нејзиниот квалитет. Како пример ја посочи Швајцарија, каде што референдумите се важен инструмент за директно учество на граѓаните во донесувањето одлуки. Според него, токму ваквите механизми овозможуваат граѓаните да имаат постојан канал за влијание врз одлуките што ги засегаат нивните животи. Сепак, Спасеновски предупреди дека незадоволството од власта не смее да биде оправдување за насилство или за непочитување на демократските правила. „Ако активностите се насочени кон рушење на одредена нелегитимна власт, таквата нелегитимност не треба да биде заменета со нова нелегитимност“, истакна тој. Со тоа

Спасеновски: Ако државата не го слуша народот, народот ќе ѝ се појави и ќе ѝ каже што да прави | FinPortal.mk

Универзитетскиот професор Александар Спасеновски предупреди дека државата која не го консултира народот и не води сметка за неговите интереси мора да смета на т