30.10.2026 - Современ дом АД Прилеп - Други ценовно чувствителни информации
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Современ дом АД Прилеп за периодот јануари – септември 2026 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот и неконсолидиран Биланс на успех, соопшти друштвото преку Македонската берза во рамки на другите ценовно чувствителни информации. Според образложението за остварените резултати, вкупните приходи во првите девет месеци од годинава изнесуваат 77.099 илјади денари и во споредба со истиот период лани бележат зголемување од 2 отсто. Оперативните приходи достигнаа 77.045 илјади денари, наспроти 75.143 илјади денари во 2025 година, што претставува раст од 3 отсто (индекс 103). Од друштвото наведуваат дека во континуитет реализира стабилни приходи од издавање на деловен простор и недвижности, со тенденција значајно да ги подобрува севкупните деловни резултати преку издавање на севкупниот недвижен имот расположлив за издавање. Финансиските приходи, пак, изнесуваат 54 илјади денари и се намалени за 75 отсто во споредба со 2025 година, кога истите изнесувале 217 илјади денари. Вкупните расходи за периодот јануари – септември 2026 година изнесуваат 63.957 илјади денари и во споредба со истиот период од 2025 година бележат зголемување од 4 отсто. Оперативните расходи се зголемени за 11 отсто и изнесуваат 58.516 илјади денари, наспроти 52.640 илјади денари лани (индекс 111). Финансиските расходи изнесуваат 5.441 илјади денари и бележат намалување за 37 отсто споредбено со 2025 година. Нето добивката за периодот јануари – септември 2026 година е 13.142 илјади денари и е намалена за 6 отсто споредбено со претходната година, кога изнесувала 14.053 илјади денари. Во делот на дивидендата, од документот произлегува дека на редовното Годишно собрание во мај 2026 година не беше донесена одлука за распределба на остварената нето добивка за 2025 година. Во периодот од почетокот на годината до датумот на објава на образложението, друштвото нема извршено исплата на дивиденда. Друштвото ги информира и инвеститорите за следново: Во наведениот период нема вложувања,