Сојузот на стопански комори бара прогресивна фирмарина за скопските фирми
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Сојузот на стопански комори бара Град Скопје да ја преиспита висината на фирмарината, која неодамна е зголемена од 4.000 на 8.000 денари. Претседателот на Сојузот, Горан Ѓорѓиевски, во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ изјави дека комората официјално му се обратила на Градот со писмо и го изнела својот предлог за промена на начинот на пресметка на оваа давачка. Според Ѓорѓиевски, клучниот предлог на Сојузот е фирмарината да се определува прогресивно, наместо сите фирми, без разлика на големината и приходите, да плаќаат ист износ. Тој објасни дека истите 8.000 денари претставуваат сосема различен товар за една микрофирма и за компанија со десетици милиони евра приходи. „Се обративме ние официјално со писмо до Град Скопје и добивме од таму одговор. Не се сложивме дека така треба да се зголеми. Сметаме дека тоа треба на прогресивен начин да функционира. Не може фирма гигант со десетици милиони евра приходи, стотици, не е битно, да плаќа фирмарина 8.000 денари и не може некоја микрофирма да плаќа исто така 8.000 денари. Сметаме дека не е соодветно, но добивме одговор дека треба тоа системски да се разгледува, да се обмислува и да се размислува во таа насока“, изјави Ѓорѓиевски во поткастот. Од Град Скопје, според зборовите на претседателот на Сојузот на стопански комори, комората добила одговор дека прашањето за фирмарината треба системски да се разгледа и да се размислува во насока на негово преиспитување. Тоа значи дека засега нема конкретна одлука за враќање на стариот износ или за воведување на прогресивен модел, туку дека предлогот е оставен на понатамошно разгледување. Зголемувањето на фирмарината од 4.000 на 8.000 денари, како што беше наведено, претставува двојно повисоко оптоварување за фирмите регистрирани на територијата на Град Скопје. Сојузот на стопански комори смета дека ваквото униформно зголемување не е соодветно и дека треба да се земе предвид разликата во големината и финансиската моќ на компаниите. Предлогот на комората е фирмарината да