Собраниски комисии расправаат за амандмани на законите за животна средина и административни службеници

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Во Собранието денеска ќе заседаваат три комисии — Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. Централна точка на денешните седници е амандманската расправа за два предлог-закони — за изменување и дополнување на Законот за животната средина и за изменување и дополнување на Законот за административни службеници. Членовите на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање ќе го разгледуваат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина во второ читање. Основна цел на предлогот е транспонирање на Директивата 2014/52/ЕУ, со што ќе се зајакне квалитетот на постапката за оценка на влијание врз животната средина. Според образложението, со тоа се осигурува дека заштитата на животната средина е подобрена, ефективноста на ресурсите е зголемена и одржливиот развој е поддржан. Со овој закон се врши усогласување со Директивата 2014/52/ЕУ на Европскиот парламент и на Советот од 16 април 2014 година, со која се изменува Директивата 2011/92/ЕУ за оцена на влијанието од одредени јавни и приватни проекти врз животната средина, со CELEX број 32014L0052. За овој предлог-закон се поднесени осум амандмани од пратеникот на Левица, Сашко Јанчев. На Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ѝ е доставен Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, по скратена постапка. Предложените измени имаат за цел да обезбедат појасна, единствена, ефикасна и правно сигурна примена на прописите, уредувајќи го статусот на службениците во Службата на Собранието и регулаторните тела на исто ниво со другите посебни државни службеници. Со предложениот закон, исто така, се укинува можноста за унапредување на административните службеници без објавување интерен оглас, со што се обезбедува еднаков пристап и примена на мерит-системот. Дополнително, се врши ј

Собраниски комисии расправаат за амандмани на законите за животна средина и административни службеници | FinPortal.mk

Во Собранието денеска ќе заседаваат три комисии — Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за полити