Собранието го усвои вториот ребаланс на буџетот, опозицијата предупредува на слабо планирање и висок дефицит

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година, само два месеци по првиот, што предизвика остри реакции од опозицијата која оценува дека станува збор за ново прекројување на државната каса без јасна економска логика. Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, образложувајќи ја потребата од ребалансот, изјави дека тој претставува навремена реакција на новите економски околности, последиците од глобалната неизвесност и ефектите врз домашната економија. Таа нагласи дека до крајот на годината државната каса е стабилна и има пари за плати, пензии и други обврски. Според министерката, дополнетиот ребаланс не произлегува од проблеми со ликвидноста во буџетот, туку е последица на мерките што Владата ги презеде за намалување на данокот на додадена вредност и акцизата кај бензините и дизелот. „Мерки кои имаат директно влијание врз приходната страна на буџетот, но значајно е дека со такви мерки го поддржуваме стандардот на граѓаните и ја помогнавме економијата, односно го спречивме прелевањето на високите цени на нафтата врз останатите производи и услуги“, изјави Димитриеска Кочоска. Од опозицијата, пак, сметаат дека вториот ребаланс отвора сериозни прашања за квалитетот на буџетското планирање. Димитар Ковачевски од СДСМ оцени дека ребалансот не нуди убедлив одговор на економските предизвици, туку напротив покажува слабости во планирањето, висок дефицит и намалување на средствата за развојни програми и капитални инвестиции. „Ќе се осврнам на неколку клучни аспекти. Најнапред, бројките во однос на дефицитот остануваат високи, а развојните инвестиции се намалуваат, што ја покажува основната противречност на ребалансот“, рече Ковачевски. Критики стигнаа и од Левица. Пратеникот Мециновиќ седницата за ребалансот ја нарече циркус, обвинувајќи дека власта го користи буџетот единствено за сопствена корист. Тој изрази уверување дека полемиката со мнозинството во моментот кога тоа го носи вториот ребаланс на буџетот дополнително ја потврдува неопходноста од

Собранието го усвои вториот ребаланс на буџетот, опозицијата предупредува на слабо планирање и висок дефицит | FinPortal.mk

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година, само два месеци по првиот, што предизвика остри реакции од опозицијата која оценува дека станув